16.9 C
Ohrid
недела, август 10, 2025
ПочетнаМакедонијаЗначително намален водостојот на реката Сатеска-Реката е пренасочена на старото корито без...

Значително намален водостојот на реката Сатеска-Реката е пренасочена на старото корито без да се размисли на еколошката катастрофа !!!

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Поради големата суша, топлото време и недостиг на дождови, значително е намалено нивото на реката Сатеска која се влева во Охридското езеро. Како што може да се забележи од фотографиите, ситуацијата е алармантна до толку повеќе за животинскиот свет во реката.

<

Па еве јавно поставуваме прашање зошто реката Сатеска во моментов е пренасочена на старото корито без да се размисли на еколошката катастрофа?!!

Реката Сатеска во далечната 1961 година беше пренасочена од нејзиното природно корито и наместо да се влева во реката Црн Дрим, таа веќе шест децении се слева во Охридското Езеро. Причините за таквиот зафат беа за да се оневозможи внесување талог во акумулацијата „Глобочица“, за мелиорација односно исушување на Струшкото Блато и да се зголеми потенцијалот на водата од Охридско Езеро за производство на електрична енергија.

А еве како беше претхдоно:

Екологистите постојано алармираат за намалувањето на водостоите на повеќе реки во земјава, како и за намалувањето на нивото на Преспанското и Охридското езеро.

Двете езера имаат помал водостој од просечниот за август и тоа за 15 сантиметри кај Охридското, односно за 1,73 метри кај Преспанското Езеро. За разлика од нив, нивото на Дојранското Езеро е за 2,58 метри повисоко од повеќегодишниот просек за овој месец.

Водостојот е понизок од просечниот и кај други реки. Исклучок се Вардар на сите четири мерни места, Бабуна кај Богомила, Брегалница кај Штип и Струмица кај Сушево, каде нивото е повисоко од просечното.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Началникот ќе биде разрешен: Внатрешна контрола констатира непрофесионално однесување !!

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека Одделот за внатрешна контрола при МВР, по извршени проверки во врска со објавеното видео за време...

Ново убиство ја потресе Македонија- Телото на убиениот сеуште е во автомобилот.

Едно лице е убиено откако беше нападнато со огнено оружје при тешкиот инцидент што се случи денеска во Тетово, информира ТВ21. Неофицијално, убиството е извршено...

Се запали глисер на брегот на Охридското Езеро.

Денеска попладне во туристичката населба Елешец, на брегот на Охридското Езеро, избувнал пожар на глисер. Според првичните информации, огнот брзо се проширил, а густ чад...

,,Градоначалникот Пецаков на уникатното автомобилско шоу под охридското небо”

Вечерва, под отвореното небо на нашиот прекрасен град, се одржа третото издание на Night Car Show, каде на едно место се собраа заедно сите...