12.9 C
Ohrid
петок, мај 9, 2025
ПочетнаМакедонијаЛатас: Талибанот Апасиев е избраниот да глуми опозиција за потреби на власта

Латас: Талибанот Апасиев е избраниот да глуми опозиција за потреби на власта

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Ние имаме свои талибани. Земаа власт без победа на избори, пишува во својата последна колумна новинарот и уредник Драган Павловиќ Латас, кој талибанец го нарекува и лидерот на Левица Димитар Апасиев, за кој вели избран е да глуми опозиција за потребите на власта.

<

Латас: Талибанот Апасиев е избраниот да глуми опозиција за потреби на власта
Падна Авганистан, за девет дена. Нашата Крушевска република издржа подолго. Зошто? Во политиката ништо не е случајно. Па и кога е, тоа се случува со некој план.

Ние имаме свои талибани. Земаа власт без победа на избори. Прво што направија, и нашите талибани, уриваа споменици, апсеа политичари и новинари, преземаа медиуми со смена на уредници и воведоа шеријатски, партиски суд и нивното партиско СЈО.
Дури и Бранко Црвенковски се откажа од таквата власт, од СДСМ.

По нивната шарена Куртон револуција со полнење презервативи со боја и уништување државен имот власта им се оддолжи со десетина милиони евра од државни фондови, плус милион евра годишно за вазелин. Да им клизи односот помеѓу власта и невладините владини активисти. Некои од нашиве талибани се “со продолжено опозиционо дејствие“.

Талибанот Апасиев е избраниот да глуми опозиција за потреби на власта. Производ на Куртон револуцијата, има задача да го буши бродот на опозицијата додека Заев му чува чамец за спасување. Како што Милошевиќ си го имаше Шешељ, Заев си го има Апасиев.

Отпрвин и јас очекував нешто од него. Веројатно во оние матни времиња по талибанското преземање на власта секој што најавуваше опозициони намери беше добердојден. Па така и Апасиев, со Левица. Многумина, уште на почетокот, попаметни од мене одбиваа и помисла Апасаиев да биде препознаен како опозиција. Но, јас мислев дека треба во опозицијата да биде примен со добердојде, што го напишав уште во март 2018-та.

Три ипол години потоа, ставам црта на моето добердојде и очекувањата од Апасиев. По три ипол години стрпливо посматрање, квалификувано може да се констатира: Апасиев и Левица никогаш ниту сакале да бидат, ниту биле опозиција против Заев и СДСМ.

Кога и да затребало “проектот Левица“ бил помогнат од СДСМ. Било Димитар Апасиев, божемен опозиционер, да биде ставен за платен советник во СЈО и директно да помага апсење опозиција, монтирање предмети, гонење новинари и медиуми, корупција во СЈО од врвот надоле… СДСМ бил тука, да го одржи на површина. И да го награди со кеш.

А кеш е магичниот збор на кој паѓа Апасиев. Каде има пари без работа, Апасиев е таму. Донации од Куртон револуцијата, СЈО, Еуроистандард банка, од фоднови за култура…

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Во Штип убиство и пукање во единственото кафуле на плоштадот во градот

Штипјани се видно вознемирени поради вечерашните случувања во централното градско подрачје. Според информациите од терен едно лице е усмртено со пиштол во единственото кафуле на...

Честитка од премиерот Мицкоски за изборот на новиот папа Лав XIV

Премиерот Христијан Мицкоски во негово и во име на Владата го честита изборот на новиот поглавар на Римокатоличката црква папата Лав XIV. - Изборот на...

Американецот Роберт Превост е новиот папа – Неговото ново име е Лав XIV

Откако над Систинската капела беше пуштен бел чад, што означуваше дека кардиналите го избраа 267-от поглавар на Римокатоличката црква, беше објавено кој е новиот...

Пуштен бел чад: Избран е новиот папа!

Бел чад е испуштен од оџакот на Сикстинската капела што значи дека е избран нов папа. Кардиналите попладнево одлучиле за наследник на папата Франциск односно...