14.9 C
Ohrid
понеделник, август 11, 2025
ПочетнаМакедонијаПановски: Протоколи за лекување требаше да се донесат во првите 15 дена...

Пановски: Протоколи за лекување требаше да се донесат во првите 15 дена откако се појави вирусот

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Нема протоколи за амбулантско лекување, непотребно давање дупли дози на антибиотици на пациентите. Според микробиологот д-р Никола Пановски, коморбидитетите и доцното барање лекарска помош не се единствени причини за високата смртност, а додека така се правдаат надлежните, со такви паушални изјави, смртноста ќе биде висока. Ако продолжи овој тренд, според микробиологот, ќе се искачиме на врвот на листата со најголема смртност од корона вирус во Европа.

<

Македонија на неславното петто место по смртност од корона вирус во Европа. Загрижувачки се статистиките кои покажуваат дека во земјава се регистрирани 2775 смртни случаи на милион жители.

Не можеме да кажеме дека кога ќе ја поминеме границата, таму живеат други луѓе. Албанија, Грција, Бугарија….истите луѓе, иста храна, исти навики на живот, и баш дека ние сме тие што имаме такви хронични болести не е точно. Додека така се тврди, додека клиничките доктори се кријат, не кажуваат какви проблеми имаат при лекувањето, додека не се спореди смртноста од една до друга болница, смртноста ќе расте. Со вакви паушални изјави на надлежните, се покажува дека тие не сакаат да влезат во суштината на проблемот и ако вака продолжи за неколку недели ќе избиеме на прво место – изјави микробиологот, проф. д-р Никола Пановски.

За тоа дека нема протоколи за лекување, алармираше и Лекарската комора. Побара надлежните институции, стручните комисии и лекарските здруженија да споделат со јавноста стручни ставови за третирањето на вирусот.

Тие требаше да се донесат првите 15 дена, на Лекарската комора и требаше година и пол да го каже тоа што ние го зборуваме толку време. Во време на пандемија се кријат, не кажуваат ништо, протоколи треба да има, никој не реагира за тоа што нема амбулантски протоколи, се даваат двојни дози антибиотици непотребно, бидејќи за лекување во амбуланта, нека не кажува министерот дека има протоколи, кога ќе отворите на МЗ, нема протоколи за амбулантско лекување – вели д-р. Пановски.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Началникот ќе биде разрешен: Внатрешна контрола констатира непрофесионално однесување !!

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека Одделот за внатрешна контрола при МВР, по извршени проверки во врска со објавеното видео за време...

Ново убиство ја потресе Македонија- Телото на убиениот сеуште е во автомобилот.

Едно лице е убиено откако беше нападнато со огнено оружје при тешкиот инцидент што се случи денеска во Тетово, информира ТВ21. Неофицијално, убиството е извршено...

Се запали глисер на брегот на Охридското Езеро.

Денеска попладне во туристичката населба Елешец, на брегот на Охридското Езеро, избувнал пожар на глисер. Според првичните информации, огнот брзо се проширил, а густ чад...

,,Градоначалникот Пецаков на уникатното автомобилско шоу под охридското небо”

Вечерва, под отвореното небо на нашиот прекрасен град, се одржа третото издание на Night Car Show, каде на едно место се собраа заедно сите...