18.7 C
Ohrid
четврток, јули 3, 2025
ПочетнаМакедонијаОсмани: Ако некој не нападне нас, тоа значи напад врз сите 29...

Османи: Ако некој не нападне нас, тоа значи напад врз сите 29 членки на НАТО.

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Утринава влезе во земјава семејството со новороденчето, има уште 7 граѓани кои се во активна евакуација, се мобилизираме, ќе пратиме и транспортни комбиња. Последната бројка е 77 наши државјани, со нив има и членови кои се Украинци, украински државјани, за кои имаме преземено обврска за евакуација. Околностите стануваат се потешки. Предлагав на Влада за прием на бегалци, ослободување на обврска за ПЦР тестови, ги предвидовме сите чекори за да има непречено прифаќање. Тенденцијата е накај Полска, Романија, во Грција и Хрватска веќе пристигнале бегалци, кај нас се уште нема. Ќе треба да сме подготвени од сите аспекти“ вели министерот за надворешни работи Бујар Османи во Студио 10 на ТВ24.

<

Тој вели дека „првпат почувствувавме како е да си дел од НАТО. Ги повикувавме порано граѓаните да ја напуштат Украина затоа што имавме информации, НАТО гарантира безбедност. Напад врз наша територија ќе е напад врз сите 29 членки. Имаме обврска да ја заштитиме територијата на НАТО. Никој не е против рускиот народ. Треба да бидеме погласни во сите општествени сектори, не само нашата Влада. Ситуацијата е црно-бела, нема сиво“.

„Нема народ кој прави агресија, тоа обично е Влада која го заврдува својот народ, мора да имаме јасен став околу руската влада. Со поддршката на Украина ја поддржуваме нашата држава, правото секоја држава сама да си ги одбира приоритетите“ вели Османи во Студио 10.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

После 137 години во Гостивар ќе ЗАЅВОНАТ ЅВОНАТА ВО ДУХОТ НА ХРИСТИЈАНСТВОТО на уште еден црковен храм.

После 137 години во Гостивар ќе ЗАЅВОНАТ ЅВОНАТА ВО ДУХОТ НА ХРИСТИЈАНСТВОТО на уште еден црковен храм, а со тоа ќе означат едно ново време,...

И оваа година, хуманитарна трка со гумени Патки во Струга !!

Струга повторно плива во хуманост: Трка со пластични патки на 1 август оваа година, на 1-ви август, Струга ќе биде домаќин на хуманитарната...

Минчев: 40 проценти од Административците или ништо не работат или бараат начин да не дојдат на работа

40 проценти од административците или ништо не работат или бараат начин како да не дојдат на работа, открива министерот за јавна администрација Горан Минчев,...

Денеска сите патишта водат кон манастирот „Свети Наум“ во Охрид.

Денеска сите патишта водат кон манастирот „Свети Наум“ На 3 јули (по нов стил), македонскиот народ го празнува летниот празник на Свети Наум Охридски,...