1.9 C
Ohrid
недела, февруари 16, 2025
ПочетнаСветУкраина бара Русија да биде исклучена од интернет, што е опасен преседан

Украина бара Русија да биде исклучена од интернет, што е опасен преседан

spot_img

Украинската влада за време на викендот вршеше притисок врз главните технолошки платформи да го преиспитаат своето работење со Русија, што беше прилично успешно.

<

Компаниите на социјалните мрежи го намалија дометот на руските медиуми кои ги поддржува државата, додека Епл, на пример, престана да ги продава своите производи и ограничи дел од услугите во Русија. Но, Украина сега се обидува да направи нешто подраматично и нешто што би имало поголеми последици.

Украинската влада во понеделникот побара Русија да биде исклучена од глобалниот интернет. Испрати писмо до ИЦАНН, меѓународната непрофитна организација со седиште во САД, која го надгледува глобалниот систем на интернет домени и ИП адреси.

„Ви го испраќам ова писмо во име на украинскиот народ, барајќи од вас да се позанимавате со итната потреба за воведување строги санкции против Руската Федерација во областа на ДНС регулацијата (системот на имиња на домени), како одговор на нејзината агресија кон Украина и нејзините граѓани“, напиша Андриј Набок, украинскиот претставник во владиниот советодавен одбор на ИЦАНН.

Експертите за управување со интернет велат дека украинското барање, ако се уважи, ефикасно би ја одвоило Русија од глобалниот интернет, оставајќи ги руските интернет страници без дом. Би престанала да работи електронската пошта, односно корисниците не би можеле да пристапат до неа. Русија одеднаш би се нашла на дигитален остров, одвоена од остатокот на светот.

Но, истите експерти се скептични околу прашањето за исполнување на украинското барање. Прво, според нив, тоа би претставувало опасен преседан кој на авторитарните земји би можел да им даде дозвола за поставување слични барања. Од друга страна, не е јасно дали ИЦАНН би можел да донесе таква одлука дури и кога би сакале.

Освен тоа, според експертите, одвојувањето на Русија од остатокот на дигиталниот свет би му го дало на Кремљ токму она што го сака, а тоа е население без пристап до надворешни информации. Владите како кинеската настојуваат да ги оградат своите луѓе од надворешниот дигитален свет. Но украинското барање е без преседан, вели Винт Серф, кој се смета за еден од татковците на интернетот.

„Ова е првпат колку што јас се сеќавам влада од ИЦАНН да побара на некоја земја да ѝ ја попречи нормалната работа на системот на називи на домени во таков размер“, кажа Серф за Си-ен-ен.

„Интернетот дејствува во голема мера поради значителното ниво на доверба меѓу многуте компоненти во неговиот екосистем“, додаде Серф. „Постапувањето по ова барање би имало значителни негативни последици во многу аспекти“.

Mkd.Mk

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Во Македонија ќе се одржи натпревар во јадење ќебапи – Наградата е 500 евра!

Натпреварот е можност за учесниците да ги покажат своите вештини и да се борат за главната награда, која изнесува 500 евра. Доколку уживате во вкусот...

Жена од Гостивар физички нападнала полицаец во кафана.

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Д.Г.(26) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „спречување на службено лице во вршење...

Заев за Груевски: Колку треба човек да е забеган во умот да поверува дека градам кула во ДУБАИ.

Откако поранешниот премиер Никола Груевски на Фејсбук од Будимпешта изнесе тврдење дека експремиерот Зоран Заев „започнува изградба на кула од 82 ката во Дубаи“,...

Објава на Груевски: Заев гради кула од 82 ката во Дубаи вредна над 600 милиони евра

Поранешниот премиер Никола Груевски во објава на Фејсбук тврди дека Зоран Заев инвестира во изградба на кула со 82 ката во Дубаи, вредна над...