14.9 C
Ohrid
сабота, јули 27, 2024
ПочетнаМакедонијаМихајловски: Куманово од град на рокенрол, се претвори во турбофолк центар

Михајловски: Куманово од град на рокенрол, се претвори во турбофолк центар

Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Куманово, Тони Михајловски во интервју за Република го опиша својот град и која е неговата визија за него, забележувајќи дека градот се движи во погрешна насока и му е потребна огромна промена.

Михајловски: Куманово од град на рокенрол и џез фестивали, се претвори во турбофолк центар
Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Куманово, Тони Михајловски во интервју за Република го опиша својот град и која е неговата визија за него, забележувајќи дека градот се движи во погрешна насока и му е потребна огромна промена.

МАКЕДОНИЈА
28.08.2021. 18:16

Михајловски: Куманово од град на рокенрол и џез фестивали, се претвори во турбофолк центар
Прашан за тоа што го мотивираше да се кандидира за оваа позиција, Михајловск истакна дека главната причина е тоа што го гледа градот како триесет години пропаѓа и станува рушевина.

– Од индустриски гигант кој градеше низ светот, сега не успева да се изгради себеси, истакна Михајловски.

Додаде дека Куманово од еден рокенрол град од еден џез фестивал, се претворил во турбо фолк центар. Сепак, вели дека локал патриотизмот се уште е силен во него и затоа сака да се избори за подобар град.

– Јас иако 33 години живеам во Скопје се уште немам сменето лична карта. Го негувам тој локал патриотизам во себе, си го сакам Куманово, вели Михајловски за својот град.

Михајловски иако не живее во Куманово вели дека знае кои се главните проблеми на кумановчани.

– Куманово е претворено во една депонија, градот се гуши во сообраќаен метеж, играструктурата е на многу ниско ниво, нема доволно градинки за децата, градот е небезбеден и затруен град. Покрај тоа, градот е нечист и осиромашен и за жал најголемиот вработувач во Куманово-Авганистан пред некое време прогласи стачај. Делови од градот се во кал, некои немаат вода.Ова во 21 век на Куманово не треба да му се случува. Од економски гигант, од еден убав и безбеден град се претвори во една црна дупка полна со рушевини, објаснува Михајловски.
Целото интервју е достапно на веб сајтот на Република или на видеото подолу.

spot_imgspot_img
spot_imgspot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Кавадарчанец украл коњи кои требале да учествуваат на „Илиденски марш“

Министерството за внатрешни работи информираше дека вечера во 08.20 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода И.В.(44) од Кавадарци. Кај него бил...

Парите се запленети: Македонски граѓани сакал да внесе скоро 7.000 евра

Царинските службеници од граничниот премин Табановце спречиле обид за нелегално изнесување 6.800 евра од патник кој не пријавил дека носи поголема сума девизи. - Лицето...

Три девојки синоќа барале помош од ЦУК, наишле на диви свињи на Водно

Три девокји синоќа околу 23 часот безбедно биле евакуирани откако на симнување од врвот на Водно имале средба со диви свињи. Тие на бројот...

Почина бебе во Богданци – телото дадено на обдукција

Вчера во 09.10 часот во СВР Струмица, лекар од Итна медицинска помош Гевгелија пријавил дека во Богданци починало машко бебе. Според надлежните, бебето од раѓање...