27.9 C
Ohrid
недела, јули 20, 2025
ПочетнаМакедонијаДаниела: Не сум човек ниту на Груевски ниту на Заев.

Даниела: Не сум човек ниту на Груевски ниту на Заев.

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Кандидатката за градоначалник на Скопје, Данела Арсовска, која денеска беше поддржана во градоначалничката трка од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, преку соопштение нагласува дека не е член на ниту една политичка партија, но како што вели, веројатно нејзината кандидатура кандидатура предизвикува вознемиреност кај одредена структура.

<

Во нејзината реакција наведува:

-Од недостаток на идеи за подобар и достоен живот за нашите сограѓани, некој одбира да се служи со интриги, клевети и манипулации. Сакам да повторам дека никогаш не сум била член на ниту една политичка партија и сум натпартиски и независен кандидат, односно кандидат на скопјани. Меѓутоа во интерес на вистината и за прецизно информирање на скопјани сакам да го кажам следново:

1. Како претседател на Сојузот на Стопански комори на Македонија со господинот Заев имам далеку повеќе средби и контакти на официјални форуми отколку со господинот Никола Груевски. Тоа не значи дека сум човек на господинот Заев, како што не сум човек ни на господинот Груевски. Ако треба да бидам нечиј човек, ќе ја прифатам улогата да бидам човек на скопјани.

2. Во однос на јавните напади кон мене за моето назначување како почесен конзул на Унгарија, сакам да потенцирам дека за истото согласност и одлука донесе актуелната Влада предводена од СДСМ, додека егзекватура за истото е потпишана од актуелниот министер за надворешни работи, господинот Бујар Османи.

3. За лагите и шпекулациите дека сум донатор на било која политичка партија ги повикувам засегнатите да поднесат каков било доказ. Бидејќи тоа не е вистина, барам веднаш јавно да се извинат, во спротивно мојот правен тим ќе покрене соодветна постапка пред надлежните судски инстанци…
За крај сакам да истакнам дека мојот мотив за влез во оваа градоначалничка трка е исклучиво подобрување на стандардот на граѓаните на Скопје, јасно презентиран во мојот концепт и визија за едно европско, современо и различно Скопје. Ја користам оваа прилика уште еднаш да се заблагодарам на граѓаните кои го препознаа овој концепт и ја дадоа својата поддршка изразувајќи ја со давање потписи на определените места од Државната изборна комисија, пишува Арсовска.

Faktor

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Денеска се празнува Светата великомаченичка Недела

Во времето на христоборните цареви Диоклецијан и Максимијан во Анадолија живееја две побожни стари души, Доротеј и Евсевија. Беа побожни христијани, богати, но и...

Пендаровски за Лајм ТВ: Мислам дека Милошевиќ стои зад атентатот врз Глигоров

Поранешниот претседател Стево Пендаровски, во ново интервју за Лајм ТВ, зборуваше за актуелната политичка состојба во Македонија. Во интервјуто, Пендаровски изјави дека и по толку...

Од утре низ охридските улици ќе има полициски службеници од Србија.

Полициски службеници на Министерството за внатрешни работи на Србија од утре заедно со нивни колеги од македонското МВР ќе патролираат низ улиците на Охрид. Станува...

Скопјанец низ Кичево возел со 3,15 промили алкохол во крвта.

На 18.07.2025 година во 13.47 часот, на кружната крстосница „Млин“ во Кичево, лишен од слобода е Б.К.(48) од Скопје. При контрола во патниот сообраќај,...