4.9 C
Ohrid
петок, мај 9, 2025
ПочетнаМакедонијаГрадоначалникот Максим исклучен од СДСМ

Градоначалникот Максим исклучен од СДСМ

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Откако не ја доби поддршката од СДСМ за уште еден мандат, актуелниот градоначалник на Куманово, Максим Димитриевски реши да оди самостојно како независен кандидат.

<

Од СДСМ кои за Куманово го кандитираа, Оливер Илиевски, секретар на општинската организација на партијата соопштија дека потегот на Димитриевски го олеснува изборот и дека тој што им врти грб на поддржувачите, на членството и базата на СДСМ, не може да биде најдобра опција за кумановци.

Тој пак одговори дека не врти грб и дека нема да дозволи да биде составен дел на одредени политички интриги на поединци.

Но, покрај тоа што не е кандидат на СДСМ, тој е и исклучен од партијата..
Генералниот секретар на партијата Љупчо Николовски, денеска промовирајќи го новиот кандидат за Куманово, рече дека Димитриевски сам се исклучил од партијата.

Од СДСМ нема засега официјален одговор кој партиски форум ја донел одлуката за исклучување на Димитриевски, односно дали тоа се случило на синоќешната седница на Извршниот одбор. Сепак, високи партиски извори потврдуваат дека исклучувањето е завршена работа.
„Согласно статутот на СДСМ, со ваквата одлука на Димитриевски автоматски се исклучува од членството во СДСМ“, велат од партиското раководство за „360 степени“.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Во Штип убиство и пукање во единственото кафуле на плоштадот во градот

Штипјани се видно вознемирени поради вечерашните случувања во централното градско подрачје. Според информациите од терен едно лице е усмртено со пиштол во единственото кафуле на...

Честитка од премиерот Мицкоски за изборот на новиот папа Лав XIV

Премиерот Христијан Мицкоски во негово и во име на Владата го честита изборот на новиот поглавар на Римокатоличката црква папата Лав XIV. - Изборот на...

Американецот Роберт Превост е новиот папа – Неговото ново име е Лав XIV

Откако над Систинската капела беше пуштен бел чад, што означуваше дека кардиналите го избраа 267-от поглавар на Римокатоличката црква, беше објавено кој е новиот...

Пуштен бел чад: Избран е новиот папа!

Бел чад е испуштен од оџакот на Сикстинската капела што значи дека е избран нов папа. Кардиналите попладнево одлучиле за наследник на папата Франциск односно...