20.9 C
Ohrid
недела, јуни 1, 2025
ПочетнаЗабаваЗабава која долго ќе се памети : Утре во Битола на 1...

Забава која долго ќе се памети : Утре во Битола на 1 септември ќе се оддржи најголемата фолк-забава за ова лето..

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Во Битола на 1. септември ќе има голем концерт на кој ќе настапат најпознатите фолк-пејачи од естрадата.

<

Концертот е закажан на ракометното игралиште, публиката ќе може да ужива во најголемите хитови на Сузана Гавазова, Анета и групата Молика, Марјан Коцев, Стојне Николова, Благоја Грујовски, Ирена Спасовска, Дамјан Стојановски, Рамко Беслими, Ален Хасановиќ, Каан Мазхaр и Зуица Лазова. Сите овие изведувачи ќе ги пратат
музичари од групата „Молика“. И конечно ова е прв голем фолк концерт по речиси две години пауза зарди пандемијата..

Познатата пејачка Зуица Лазова вели дека ова ќе биде одличен концерт.

– Пееме во еден од најубавите градови во Македонија, верувам дека битолчани ќе уживаат и ќе се забавуваат на први септември. Ги покануваме сите што се во можност да дојдат на ракометното игралиште- вели Зуица.

Исто така и Марјан Ковец не го криеше задоволството што ќе настапува пред битолската публика.

– Со нетрпение чекаме да дојде први септември. Собрани сме многу добра екипа и ветуваме дека ќе направиме одлична забава – накусо изјави славниот пејач.

Инаку станува збор за голем концерт со мултиетнички карактер, каде покрај многуте македонски фолк-ѕвезди ќе можеме да видиме изведувачи од другите етнички заеднци, како што се Ромите, Турците и Бошнаците, владата за овој концерт издвои сума од 1.107.000 денари, односно 18 илјади евра…

Она што е важно да се напомене, а тоа е дека познатите изведувачи ќе имаат прилика да пеат на најсовремена опрема, голема бина и одлично осветлување, нешто што ретко се гледа кога станува збор за фолк-музиката.

Концертот ќе биде организиран според сите мерки за заштита од корона-вирусот!

 

 

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Две охриѓанки се кубеле за коси, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 31.05.2025 година во 18.35 часот, , на улицата „Винковачка“ во Охрид, нарушен е јавниот ред и мир со карање и тепачка помеѓу Д.К.(63)...

Филипче: Да си ја земеме државата назад, да ја вратиме на вистинскиот пат !!!

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, на трибина на Социјалдемократската младина на Македонија во Струмица, посочи дека Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ е...

ЕФА бара Бугарија да го признае македонското малцинство

Кршењето на правото на здружување и мирно собирање, говорот на омраза и дискриминацијата на која се изложени Македонците во Бугарија се засноваат на националистичката...

Почина младиот Дарко Јованов, имаше само 29 години

Пријателите и роднините се простуваат од младиот Дарко Јованов, чиј живот за жал згасна прерано. Дарко Јованов беше 29 годишно момче oд радовишкото село Воиславци,...