23.1 C
Ohrid
среда, август 13, 2025
ПочетнаМакедонијаБебето од Авганистан нема да се вика Зоран, Бујар или Македон, а...

Бебето од Авганистан нема да се вика Зоран, Бујар или Македон, а утре во хотелот ќе се даваат мекици за добредојде на Ахмад Ислам Фаик

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Мајката и бебето кое пред два дена се роди на Клиниката за гинекологија се чувствуваат добро и денес ќе излезат од болница. Ова за ММС го потврдија од Црвен Крст на Град Скопје, кои се задолжени за грижата на 149те бегалци од Авганистан, кои во понеделникот вечерта пристигнаа на скопскиот аеродром.

<

Бремената жена уште вечерта, по слетување беше пренесена на Клиниката за гинекологија, а следниот ден роди здраво машко бебе. Од тогаш не престана да се претпоставува како ќе се вика бебето, бидејќи, со оглед на состојбата во нивната татковина, среќата, сепак, ги дочека во Македонија и затоа се очекуваше бебето да добие име по некоја наша личност, или, пак, по државата.

„Ќе се вика Зоран, по премиерот“, „Ќе му дадат име Бујар, по министерот, тој ги пречека“ или „Ќе му стават име Македон, бидејќи се роди во Македонија“ се само дел од претпоставките за тоа кое име ќе го добие 150тиот член на групата бегалци од Авганистан.

ММС побара информација од ГАК дали знаат какво име му е дадено на бебето, а од таму ни рекоа дека нивна обврска се податоците на мајката и таткото, додека бебето може и без име да си замине од болница, но и да знаат дека нема да кажат.

Затоа ММС преку свои извори, сепак, успеа да го дознае името на бебето. Нема да се вика ниту Зоран, ниту Бујар или Македон, туку дека по желба на родителите ќе се вика Ахмад Ислам Фаик. Зошто токму овие имиња, секако дека не успеавме да дознаеме од среќните родители, но затоа на интернет најдовме кое значење го имаат овие имиња.

Првото од трите имиња, името Ахмад е традиционално исламско име и значи благодарност, односно оној кој постојано му се заблагодарува на Бога. Името Ислам значи послушност и покорност кон Бог, додека, пак, името Фаик, значи супериорен, важна личност.
За повеќе детали,Тука извор ММС

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Познато целото име и презиме на Македонецот од Струмица кој е убиен во Боливија

Познат е целосниот идентите на македонскиот државјанин убиен во јужноамериканската држава Болиција, заедно со уште двајца српски државјани. Како што објавија пред малку српските...

Тела на двајца Срби и на еден Македонец пронајдени во црни вреќи

Двајца Срби и еден Македонец, беа убиени во прсметка на нарко-картел во Јужна Америка.Телата на двајца Срби и еден Македонец убиени во Јужна Америка,...

Ohrid Water Festival 2025: Две недели спорт, рекреација и култура на Охридското Езеро

Со денешната прес конференција заедно со претседателот на „Ohrid Water Festival“, Никола Вретоски, го најавивме овогодинешното издаени кое ќе се одржи од 16 до...

Не сум исчезната, премажена сум: Пресврт во случајот со исчезнатата жена од неготинско Војшанци

Јас сум жива и здрава, не сум исчезната, туку се премажив, со овие зборови до нашата редакција се обрати жена која тврди дека е...