17.9 C
Ohrid
понеделник, јули 7, 2025
ПочетнаМакедонијаКондовски за ТВ „Тера“- Ќе работиме побрзо и поефикасно

Кондовски за ТВ „Тера“- Ќе работиме побрзо и поефикасно

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Вчера ја одржа својата прва прес конференција, односно јавно обраќање до битолчани како номиниран кандидат од СДСМ за градоначалник на Битола. Кондовски рече дека ќе има неколку капитални инфраструктурни проекти. Најави реализација со брзина која досега Битола не ја видела.

<

„10 проекти кои ќе бидат поголеми, а останатите проекти ќе бидат онакви какви што побараа на теренските испитувања, кога биле сопартијците од врата до врата, во месните заедници, ќе ги разгледаме сите тие работи и во програмата ќе го ставиме она што е најдобро. Можам да гарантирам дека динамиката на реализација на тие проекти ќе биде егзактно брза и тоа досега Битола го нема видено“, рече Христо Кондовски, кандидат за градоначалник од СДСМ.

Новинарите го прашаа и за тоа според него како граѓанин, кој е најголемиот проблем во Битола. И повторно ќе рече треба со поголема брзина да се случуваат нештата, а најави и преструктуирање во делот на јавните претпријатија.

„Ефикасноста, брзината на работењето. Досега се имало добра намера, имало домаќинско работење, требало само да се изменаџира побрзо. Затоа сум овде пред вас и одговорно тврдам дека ќе се движам во таа насока. Се менаџирало, но сметаме дека може уште подобро да се менаџира. Не велиме дека не се менаџирало, но треба уште подобро да се менаџира, треба да се направи некое преструктуирање на јавните претпријатија, од аспект на ефикасност, на кос бенефит анализи, сетоа тоа ми е фах од раководење во приватните фирми и знам тоа да го направам,“рече Кондовски.

Во делот на инфраструктурата во последните две и пол години според него било направено многу.

„Со оглед на тоа дека претходно општината беше закочена или заглавена, од кога можело да се работи се работело. Забелешка и во некои медиумски гостувања сум кажал дека тоа можело да биде поефикасно, значи тоа го потенцирам цело време. Инаку Битола ќе продолжи со инфраструктурните проекти многу поагресивно и ќе биде забележително во првите две години. Како што кажав не се плашам тоа да го ветам затоа што ќе го исполнам“, додаде Кондовски.

Рече дека ќе води само позитивна кампања за време на предизборните активности.

„Само позитивна, не знам поинаку. И како приватник и како стопанственик не сум се занимавал многу со конкуренцијата, имаме доволно многу што да работиме пред нас и во кампањата и после тоа како градоначалник , нема потреба да се занимаваме со конкуренцијата. Она што можам да го кажам како апел е дека онај што ќе биде опонент, како градоначалник, го канам уште првиот ден на кафе за да си подадеме рака, еден фер-плеј за позитивна кампања. Мислам дека на битолчани му е смачено да слушаат кој колку нечини, треба да слушаат колку ќе работиме. Значи со едни конкурентски идеи и тоа јавно и гласно да го ветиме и да го исполниме“, рече Кондовски.

Има позитивно мислење за постоечката јавна администрација. Ова како одговор на прашањето дали свој тим ако стане градоначаник ќе однесе во општината. Рече дека секако ќе бидат вклучени и некои нови лица, професионалци во својата работа.

Видео Тука

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Ангелов: Ова лето гранката нема да ми биде потребна

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, со саркастична порака: „Ова лето гранката нема да ми биде потребна“, алудирајќи на некогашната немоќ...

Судот му додели куќен притвор на возачот кој го уби Југослав

Скопје се соочува со сериозни прашања по трагичната сообраќајна несреќа во која младиот Фатон Љ. (25), возејќи мотор „Кавасаки“ без возачка дозвола, минатата недела...

Трагедија во Швајцарија: Охриѓанка и нејзиното бебе пронајдени мртви со убодни рани !!

Тешка трагедија ја потресе македонската заедница во Швајцарија. Охриѓанка и нејзиното едномесечно бебе се пронајдени мртви со убодни рани, по наводна вербална расправија со...

Мицкоски: Нема да има данок за немажени и неженети- Погрешно ме разбраа !!!

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека нема да има данок за неженети и немажени лица во Македонија, појаснувајќи дека неговата претходна изјава е погрешно протолкувана....