11.2 C
Ohrid
понеделник, мај 12, 2025
ПочетнаUncategorized @mkОдлично прво полувреме во Рејкјавик - Македонија води

Одлично прво полувреме во Рејкјавик – Македонија води

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Македонската фудбалска репрезентација денес го игра натпреварот од петтото коло во квалификациите за Светското првенство во Катар следната година.

<

Македонија доминираше во поле, имаше течна игра, а на моменти и знаеше добро да ја задржи топката и да го забави темпото.

Првата голема шанса Македонија ја имаше во 11. минута кога по еден корнер, топката дојде до Муслиу чиј удар од неколку метри заврши во блокот, по што беше досуден нов корнер за нас. По овој корнер падна и голот, откако Алиоски го пронајде осамениот Велковски кој пак го изненади домашниот голман.

По ова следуваше одлична и паметна игра на нашата репрезентација, ја држевме топката во нозете и трпеливо чекавме да ги казнуваме грешките на домаќините, а такви ситуации имаше многу, но за жал не беа искористени, како што се ударите на Костадинов и Алиоски. Сериозна шанса имавме и во самиот финиш на првиот дел, кога Чурлинов украде една топка, го проигра Стефан Ристовски, кој пак со центаршут по земја го пронајде Барди на пеналтикот, но неговиот удар во последен момент успеа да го запре еден од дефанзивците на Исланд.

Македонија заслужено води по првиот дел, а сега останува да се одигра паметно во вториот дел, да се внимава на грешки и ако се укаже шанса, рано да се реши натпреварот.

Целиот текст прочитајте го тука.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Таравари оди во опозиција: Алијанса на Албанците на Таравари официјално излегува од Владата

Алијанса на Албанците на Таравари официјално излегува од Владата По состанокот на Алијансата на Албанците, претседателот Арбен Таравари вечерва на прес-конференција изјави дека ја напуштаат...

Крис Павловски : Македонија да стане Швајцарија на Балканот, Европска оаза за трговија со криптовалути

Милијардерот како што рече од Канада а не од Америка сопственик на компанијата Рамбл чии услуги ги користи и председателот Трамп и ФБИ бизнисменот...

Според Ахмети, Албанец ја основал Охридската Архиепископија!

Лидерот на ДУИ продолжува со провокативните изјави сакајќи да докаже дека Албанците се староседелци во Македонија и на Балканот. Ние сме придонесувачи на културата на...

За една седмица две учителки во Скопје нападнати од ученици- Наставничката моментално е на боледување, а родителите стравуваат за своите деца !!!

Во основно училиште во општина Карпош, Скопје, денеска се случи бојкот на наставата од страна на ученици од четврто одделение, откако во петокот нивна...