13.9 C
Ohrid
петок, јули 4, 2025
ПочетнаМакедонијаЉубчо Георгиевски: Тие што не сакаа размена на територии, денеска се селат...

Љубчо Георгиевски: Тие што не сакаа размена на територии, денеска се селат од Чаир

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Поранешниот премиер Љубчо Георгиевски во дневникот на „Сител“ коментирајќи ја 30-годишнината од независноста на земјата, како едно од најголемите премрежја на државата го спомена конфликтот во 2001.

<

Идејата за размена на територии и население со Албанија не била само негова, вели тој, туку била иницирана и од академците од МАНУ, кои потоа повеќето од нив се повлекле. Целта била да не се влегува во војна со илјадници жртви, бидејќи индиците беа дека меѓународниот фактор повеќе им помага, како што вели тој, на терористите отколку на државата.

– Чудни се луѓето кои порано не сакаа размена на територии со Албанија а денеска се селат од Чаир во другиот дел на Скопје и им пречи кога во нивната зграда ќе се всели албанско семејство, вели претседателот на ВМРО-НП во интервјуто.

Самата година 30 години независност е историја, иако имаше многу бурни денови. Тоа е историја која дава гаранција дека Македонија успеа, заклучува тој.

Создавањето на Македонија беше врв на еден распад на поранешна Југославија, која се распаѓаше секој ден. Во земјата немаше којзнае каква желба за независност и самостојност, мнозинството беше про-југословенски настроено, туку сплетот на околностите ја тераа да стане независна, следејќи ги другите примери.

Имаше страв дека југословенската армија ќе направи пуч и ќе спроведе диктатура. За среќа тоа не се случи, Македонија не беше во приоритетите на Милошевиќ, а во земјата немаше големо српско малцинство“, заклучи Георгиевски.

Георгиевски додаде дека Македонија сега ќе имаше датум за преговори со ЕУ доколку успеале неговите иницијативи за добрососедство со Бугарија во времето кога тој беше премиер.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Полицијата го уапси 25 годишниот мотоциклист, кој завчера усмрти пешак на кејот во Скопје

Полицијата го уапси мотоциклистот кој завчера усмрти пешак на кејот во Скопје, на пешачка патека во близина на Паркот на франкофонијата. Откако го прегази...

Адвокат од Косово, со 4 магариња се појави пред собранието

Пред седницата на косовското собрание кое неуспеа и по 41-ви обид да се конституира, адвокатот Арианит Кочи излезе повторно на протест. Овој пат, Кочи...

Стојанче Ангелов предвидува лето со многу пожари

Сезоната на пожари во земјава почна порано и дневно се регистрираат по триесеттина пожари, а денеска активни се четири пожари на територијата на општините...

Повторно искршени гробишта во Подгорци – вандализмот се врати на празникот Св. Наум

Повторно искршени гробишта во Подгорци – вандализмот се врати на празникот Св. Наум. Искршени споменици, уништени крстови и нова доза на тага во селото Подгорци,...