18.9 C
Ohrid
недела, април 28, 2024
ПочетнаМакедонијаДетенце кое питачи во Струга: Од дома ме тераат да соберам 2.000...

Детенце кое питачи во Струга: Од дома ме тераат да соберам 2.000 денари. (Видео)

spot_imgspot_img

Ваква е судбината на едно од многуте дечиња кои ова лето питачеа по струшките улици. Ова осумгодишно детенце, како што може да се слушне од видеото кое ни го испратија сопствениците на едно кафуле во градот, има задача дневно да заработи по 2.000 денари од питачење. Оваа појава беше евидентно дека е масовна и добро организирана од криминални групи. Најчесто во тоа се вклучени малолетни деца и мајки со бебиња. За проблемот знаат и од Детската амбасада „Меѓаши“.

„Многу често е поврзано и со некакви бизнисни, односно заработка. Можеби не само само за свој сопствен опстанок, туку и за некои други организирани возрасни, за групи и поединци. Многу често е поврзано со трговија на луѓе и детски труд.“, рече Јорданка Черепналкова Трајкоска, Прва детска амбасада „Меѓаши“.

Локалните власти во Струга на почетокот на летото ветија решавање на проблемот, но се чини, тоа не се случи. Од СВР Охрид велат дека во текот на јули и август во Струга биле реализирани 14 акциски контроли за питачење. Биле затекнати 26 лица, од нив еден малолетник. Биле поднесени и 25 барања за прекршочни пријави. Од полицијата велат дека контролите се насочени и кон сопственици на станови кои им издаваат соби на лица кои питачат. Инаку, во летниот период бројот на вакви лица беше поголем. Тоа е пред сè поголемиот број странци и наши иселеници кои поради финансискиот статус се сметаат за неизбежна цел за питачење.

Мики Трајковски Алсат Видео: ТУКА

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Мицкоски: Силјановска ќе добие поддршка од Максим Димитриевски во вториот круг

Се слушнавме и со господинот Максим Димитриевски. Знаете дека ВМРО-ДПМНЕ е во коалиција со градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски во Куманово. Очекуваме поддршка за...

Од денес погледот кон небото нема да е ист!

Од денес погледот кон небото нема да е ист! Од денес над нас, тука во Драчево стои еден моќен симбол на верата,...

„Вејце ниту се простува, ниту се заборава“ – Македонците паметат! Горат социјалните мрежи на годишнината од крвавиот масакр

Социјалните мрежи се преплавени со објави по повод 23-годишнината од масакрот кај Вејце, откако од заседа и ѕверски биле убиени, а потоа масакрирани и...

Ахмети: Ништо нема да ѝ се случи на земјата, ако ги ставиме Бугарите во Уставот!

Ние мора да ги решиме проблемите со соседните земји. Ништо нема да ѝ се случи на земјата, ако ги ставиме Бугарите во Уставот. Охридскиот...