15.9 C
Ohrid
среда, август 13, 2025
ПочетнаМакедонијаПолиуретан е материјалот од кој била изградена модуларната болница - дали е...

Полиуретан е материјалот од кој била изградена модуларната болница – дали е ова причина за пожарот?!

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Професорот Дејан Трајковски на својот фејсбук профил се осврна на потенцијалните причини за тешкиот пожар во тетовската ковид-болница. Тој постави неколку прашања кои навистина заслужуваат одговори од надлежните.

<

-Прво прашање: кој дозволил објект за сместување на болни и неподвижни лица да биде изграден од запалливи материјали? Како можело да им падне на памет да употребат полиуретан (ПУР), ако се знае дека тој материјал гори побрзо од слама? – прашува проф. Трајковски.

-Второ прашање: дури и ПУР-от не може да се запали моментално, бидејќи се наоѓа во сендвич од метални лимови, колку и да се тенки. Дали имало персонал да се обиде најпрво самиот да го угасне? Дали во просторијата имало или немало доктор, сестра, болничар или чистачка? Ако имало, биле должни да гаснат по појавата на пламенот. Ако пак немало персонал, тогаш зошто немало?Пламенот на почетокот, ако навистина избил поради куса врска или искрење на утичницата, можел да се угасне со рачен противпожарен апарат или макар со обично ќебе од најблискиот кревет, констатира тој.

-Трето прашање. Дали во модуларната болница имале соодветен противпожарен апарат, за гаснење на пожар од дадената категорија? Дали е можно персоналот никогаш да не научил да ракува со противпожарен апарат? Па сите ние во колите имаме по еден таков апарат, а ги имаме и дома, вели тој и за крај прашува:

-Четврто прашање: ако персоналот презел мерки за гаснење и не успеал во тоа, а пожарот толку бргу се ширел, тогаш катастрофата потенцијално може да се повтори во било кое време и во било која модуларна болница во Македонија – и никој нема да може да ја спречи. Дали тогаш ќе продолжат да ги изложуваат на ризик ковид-болните во државата?

Доаѓа зимата, времето на греалки, а ние многу рано видовме што може да стане во овие монтажни болници од пеколот. Тогаш подобро нека ги затворат со време, констатира професорот Трајковски.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

15 годишно дете со автоматска пушка го извршило убиството викендов во Тетово

Основното јавно обвинителство Тетово отвори истрага против четири лица – тројца возрасни и едно дете – осомничени за крвавиот оружен напад што се случи...

Вработените на Урологија се откажале од парите за службени мобилни и наместо тоа купиле 18 клими за пациентите

Универзитетската клиника за урологија денеска ја промовираше новата, целосно реновирана болничка инфраструктура, како дел од широк инвестициски и реформски циклус, кој опфаќа модернизација и...

Циркузот продолжува: Директорката Лозановска не сака да зборува на англиски иако положила курс во Бугарија.

Во последните денови, јавноста со големо внимание го следи случајот со поранешната директорка на училиштето во Демир Хисар, Маја Лозановска, кој повторно ја отвори дебатата...

Ахмети: Јас резервна татковина немам- Мојот прадедо и дедо почиваат во кичевско.

Тогаш и денес, јас друга држава немам. Јас резервна татковина немам. Мојот прадедо и дедо, моите татко и мајка, почиваат во Зајас, Кичевско, вели...