23.9 C
Ohrid
сабота, јули 5, 2025
ПочетнаМакедонијаСлавески: Арсовска имаше прикачено мобилен микрофон како Цеца на концертите

Славески: Арсовска имаше прикачено мобилен микрофон како Цеца на концертите

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Не е пријатно кога не се ефикасни институциите. Ми беше задоволство Советот да функционира како часовник. Единствен проблем што морав да го менаџирам беше што постојано градоначалничката Арсовска постојано ја навредуваше и се караше со координаторката на советничката група на СДСМ. Сега малку се сврти работата, јас сум на мета, рече претседателот на Советот на град скопје, Трајко Славески за ситуацијата во градското собрание.

<

Според него, „се започна од одлуката на Арсовска да се лиши од мнозинството во градот Скопје“.

Арсовска не може да испорача она што го има добиено како налог од налогодавателите. Не е лесно да се биде градоначалник без поддршка во Советот, рече Славески во емисијата „Студио 10“.

Тој вели дека не употребил никаква квалификација кон градоначалничката, ниту погрден збор.

-Јас што излегов пред неа беше единствен начин да се замолчи, затоа што таа имаше прикачено мобилен микрофон како Цеца Величковиќ на концертите. Во неколку наврати некои советници изразиле незадоволство во тоа каде седи градоначалникот. Сега таа седи на задната клупа каде нема микрофон или слушалки. Немам такво сознание дека разбира албански. Таа неколку пати кажа за мене Таљат. Очекувам ова да се реши со интервенција на инспекторатот на локална самоуправа. Во просториите на Советот на град Скопје не може да се помести ништо без знаење на претседателот на Совет, додаде Славески.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Трагедија во Охрид: Средовечен маж пронајден мртов во езерото кај плажата Извиднички

Тешка несреќа денеска попладне кај плажата Извиднички во Охрид. Средовечен маж бил извлечен од водите на Охридското Езеро без знаци на живот. Иако присутните...

Лишен од слобода “бајач” од скопско кој измамил брачен пар од Берово, за 400.000 евра

Лишен од слобода "бајач" од скопско, измамил брачен пар од Берово за 400.000 евра На 03.07.2025 година Б.Д. (76) од Берово во СВР ШТИП...

Претседателката е шокирана дека 40 отсто од администрацијата ништо не работи

Претседателката на државата, Гордана Сиљановска-Давкова изјави дека e „шокирана од изјавата на министерот Горан Минчев“ дека 40 отсто од вработените во администрацијата или ништо...

Мицкоски: Размислуваме за воведување нов данок за немажени и неженети

Премиерот Христијан Мицкоски утрово се обрати на дебатата „Демографски трендови, предизвици и можни решенија“, што се одржа во Владата, при што нагласи дека Македонија...