19.4 C
Ohrid
недела, септември 8, 2024
ПочетнаМакедонијаПристигна серверот за полнење на фингер принт апаратите

Пристигна серверот за полнење на фингер принт апаратите

Претседателот на Државната изборна комисија (ДИК) Александар Даштевски информираше дека денеска пристигна серверот со 10 станици за полнење на терминалите за вчитување на отпечатоци од прсти со податоци од гласачите што ќе биде поврзан со главниот сервер на ДИК и ќе биде тестиран.

-Серверот стигна една недела предвреме затоа што е многу битна таа операција да се види дали ќе полни, како ќе полни и времето, брзината на полнењето, така што полека пристигнува целата опрема и за два-три дена веќе ќе имаме нова пратка поголема од 950 терминали, а веќе за една недела ќе стигнат и другите, така што почнуваме со работа, рече Даштевски.

Ако серверот покаже дека добро работи, ДИК ќе се подготви за едукација на претседателите на избирачките одбори и за замениците на претседателите на избирачките одбори и ќе се стави во функција целата операција што значи дека процесот оди добро.

-Односно и подобро, повеќе од добро затоа што веќе серверот пристигна една недела предвреме и може да се почне со работа, односно со полнење оние што се за обуки, а со следната пратка и со полнење и на другите терминали од зависност од заклучување на Избирачкиот список кој треба ние да го заклучиме на 24-ти (септември), потоа ИТ-секторот треба да го обработи и некаде од 28-ми ќе почне полнењето кое ќе трае неколку дена, така што тие (терминалите) ќе бидат подготвени за изборите, вели Даштевски.

ИТ службата на ДИК, според претседателот на Комисијата, работи со фирма од Германија и проверува се што е неопходно за функционирање на серверот и на терминалите.

На локалните избори закажани за 17 октомври првпат во земјата ќе се применат систем и терминали за вчитување на отисоци од прсти за идентификација на гласачите. За таа цел ДИК склучи договор со германската компанија „Дермалог“ која треба да го достави системот и терминалите, како и да овозможи нивно одржување. Првите 200 терминали веќе пристигнаа во земјата, денеска стасаа и серверот, а како што најави Даштевски, сукцесивно до 1 октомври треба да пристигнат и сите неопхдни терминали за изборите

spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Весна Петрушевска откри дека има рак на дојката: Прво што ви паѓа на памет е дека вашето време е одбројано…

Актерката Весна Бејби Петрушевска преку вклучување во живо на својот „Инстаграм“ профил истакна дека дијагностициран и е рак. Како што вели, кога тоа ќе се...

Гаши: Албанскиот мора да биде еднаков со македонскиот!

Собранискиот претседател Африм Гаши вели дека албанскиот јазик мора да биде еднаков со македонскиот. Како што вели, ако Уставниот суд правилно ги прочита Законот и...

Таеквондо тренерот Борче Костовски ја доби наградата „8 Септември“ за животно дело во областа на спортот.

Спортскиот работник, тренер и претседател на Таеквондо федерацијата на Македонија, Борче Костовски е добитник на годинашната награда за животно дело „8 Септември“. Најголемиот успех...

Зоки Фаци ја носи Македонија на Мис Универзум во Мексико: Се бара најубавата Македонка!

Оваа година Македонија ќе учествува во престижниот избор за Мис на универзумот („Miss Universe“), со гала вечерта на која ќе се избере македонскиот претставник...