14.3 C
Ohrid
понеделник, септември 15, 2025
HomeСветМаорите со петиција бараат да се смени името на Нов Зеланд

Маорите со петиција бараат да се смени името на Нов Зеланд

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Партијата на народот Маори (Те Пати Маори) на Нов Зеланд започнале петиција за промена на официјалното име на земјата во Аотеароа, што е името на автохтониот јазик на оваа земја.

<

Лидерите на партијата која ги застапува интересите на народот Маори, Равири Ваитити и Деби Нгарева-Паркер, изјавиле дека оваа партија сака да го усклади името на земјата со јазикот Те Рео Маори, што е воедно јазик на овој автохтон народ, пишува “Guardian”.

“Одамна беше кога Те Рео Маори беше вратен на вистинското место како прв и официјален јазик на оваа земја. Ние сме земја во Полинезија – ние сме Аотеароа. Тоа е името кое ќе ја обедини нашата земја. Другите се обидуваат оваа тема да ја искористат за поделби. Нов Зеланд е холандско име”, рекле службениците.

Петицијата освен што бара промена на името на земјата, исто така ја повикува и владата на Нов Зеланд да ги врати оригиналните имиња на сите места и градови до 2026-та година.

“Луѓето од земјата се болни до смрт поради тоа што имињата на нашите претци се осакатени и занемарени. Ова е 21-ви век и тоа мора да се промени. Должност на владата е да направи се што може да се врати полноправниот статус на нашиот јазик. Тоа значи дека тој мора да биде достапен на телевизија, на радио, на патоказите и во образовниот систем”, стои во петицијата.
Извор:Точка

https://www.stylens.mk/https://www.stylens.mk/https://www.stylens.mk/https://www.stylens.mk/
spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

„Влен”: Украдениот имот ќе им се врати на граѓаните

„Со одлуката на Владата, еден од лидерите на Вреди, вицепремиерот Арбен Фетаи, е назначен на чело на Националниот совет за финансиски истраги и конфискација...

Во Албанија е регистрирано ново здружение „ВМРО-ДПМНЕ -Албанија“

ВМРО-ДПМНЕ- Албанија“ е ново здружение на Македонците, откако и официјално е регистрирано во судскиот регистар во Тирана. Ова не е само формалност – ова е...

Херојството на Стојанче Ангелов

Може да мислите што сакате за Стојанче Ангелов, но, ова се неколку факти кои никој не може да ги оспори, напиша Златев на неговиот...

Министерство за здравство: Ќе се поделат 2.000 заштитни маски на жителите во Трубарево

Министерството за здравство, во координација со Институтот за јавно здравје, обезбеди 2.000 заштитни маски N95 кои вечерва ќе бидат дистрибуирани до жителите на скопското...