11.1 C
Ohrid
петок, април 25, 2025
ПочетнаМакедонијаГраѓаните ќе се соочат со нови поскапувања: Ќе скокнат цените на лебот...

Граѓаните ќе се соочат со нови поскапувања: Ќе скокнат цените на лебот и маслото за јадење

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Сега има драстично зголемување на цените на пченицата на светските берзи. Цените на сончогледот на светските берзи исто така брзо растат и од компаниите кои се занимаваат со производство на масло, веќе не е можно да се издржи ни со сегашната продажна цена во Македонија. Дел од пекарниците веќе ги зголемиле цените на лебот и белите печива, а дел тоа ќе го сторат во наредниот период. Пекарниците во внатрешноста на земјата уште се со старите цени, и велат дека лебот ќе поскапе за 2 или 3 денари. Објаснуваат дека целокупниот амбиент со поскапување на брашното, горивата, и ред други работи, водат кон тоа и тие да ги зголемат цените на производите. Сето ова ќе ги „удри“ по џеб граѓаните, кои ќе мора да одвојат повеќе пари месечно за задоволување на потребите.

<

„Порастот на просечното ниво на цени е резултат на експанзивната монетарна и фискална политика, насочени кон задржување на економскиот раст и вработеноста во услови на криза. За разлика од цените кои имаат тенденција на раст, нивото на плати и натаму останува исто. Во вакви околности, со оглед на тоа што ценовната еластичност на побарувачката за есенцијални добра, како што се лебот и маслото за јадење, е мала, порастот на цените на овие производи неминовно води кон зголемување на нееднаквоста во распределбата на доходот и продлабочување на јазот помеѓу богатите и сиромашните. Порастот на цените есенцијалните добра највеќе ги засега најсиромашните слоеви на населението и ранливите групи на граѓани. Оттука, макроекономските политики на државата треба да бидат насочени токму кон заштита на овие категории на лица, со цел подобрување на целокупното ниво на животен стандард и квалитет на живот во земјава“, вели м-р. Мартин Новески, претседател на Здружение на економисти, статистичарии економетричари СИГМА СТАТ Скопје.

И претходно во неколку наврати имаше поскапување на маслото за јадење, чија цена скокна и до 100 денари. Во земјава трошоците за живот растат. Граѓаните велат дека луѓето со повисоки примања нема да ги почувствуваат поскапувањата, но за работниците со минимални плати ќе биде најтешко.

„Нормално дека таа тема не засега и тоа многу. Тешко дека некој ќе ги натера газдите во приватен сектор да ги зголемат платите. Треба да се зголемат платите, или ако тоа не е можно, да се преземат мерки цените да стагнираат, да не дојде до нивно зголемување. Цената на маслото за јадење извесно време поскапува, и тоа е нешто најнеопходно за секое домаќинство“, коментираат граѓаните.

Трошоците на животот во август годинава се за 0,6 отсто повисоки во однос на јули 2021, а цените на мало скокнале за 0,4 проценти. Споредено со август 2020 година, пак, трошоците на животот имаат зголемување од 3,6 отсто, а цените на мало за 4,9 проценти.

Како што објави Државниот завод за статистика, поскапување има кај свежиот и разладениот зеленчук, освен компирите и другите коренести плодови за 15,8 отсто, сирењето и урдата за 1,1, месото за 0,9, лебот и житата за 0,7, млекото за 0,6, шеќерот, џемот, медот, чоколадата и кондиторските производи за 0,3, како и прехранбените производи, неспоменати на друго место, жестоките пијалаци за 0,2 отсто. Во јуни просечната плата во Македонија изнесувала 28.744 денари.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Исчезнувањето на Симона не е пријавено во МВР!

Дали Симона, поради чие наводно исчезнување се крена земјата на нозе, навистина е исчезната? Официјално, барем до сега, никој не пријавил исчезнување на лице...

Христово Воскресение 2 ден во Дортмунд- Германија

Христово Воскресение 2 ден Дортмунд ____ На вториот ден Велигден,Македонската Црковна општина св.Кирил и Методиј од Дортмунд имаше чест да биде посетена од Неговото Високо преосвештенство...

Исчезната е Симона Стојкова- Доколку некој има информации веднаш да пријави во МВР !!!

Краток опис Симона Стојкова има кафена коса и кафени очи со висина од 175 см и е на возраст од 35 години. Носи наочари и...

Викторија Трајков: Со градоначалникот Пецаков ја посетивме инклузивната игротека „Радост“ која е цел нов свет за околу 20 дечиња со церебрална парализа од Охрид...

Со градоначалникот Пецаков ја посетивме инклузивната игротека „Радост“ која е цел нов свет за околу 20 дечиња со церебрална парализа од Охрид и околината,...