8.6 C
Ohrid
недела, јануари 26, 2025
ПочетнаЗабаваЛиде на Венко: Од една страна тагувам од друга се радувам, дека...

Лиде на Венко: Од една страна тагувам од друга се радувам, дека Венко ќе има повеќе време за мене доколку не е министер.

spot_img

Со Филипче сме како Џек и Роуз на Титаник, не го напуштам, ако правиме свадба цела Македонија е поканета – Лиде со поддршка, вели не мора да е министер за да го сака..
Тешко ми паѓа, вели Лиде Лиде најголемата обожавателка на министерот Венко Филипче, давајќи му поддршка и порака да издржи и да не се предава, по се она што му се случува деновиве. Таа вели дека од него нема да се откажи па што и да се случи.

<

– Од една страна ми е навистина тешко што мора да поминува низ ова, знам колку се нервира. Тој е емотивен и знам колку тешко му паѓа, колку сочувствува со семејствата на жртвите. Но, од друга страна се радувам дека сега конечно ќе има повеќе време за мене, ќе му се намалат обврските. Јас не сум се откажала од него. И нема да се откажам без оглед на се што и да се случи. Не е важно дали понатаму ќе биде министер или не. Ако некој го сакаш вистински не е важно кој е и што е. Дали е на позиција или не е. Јас Филипче ќе си го сакам и да нема ниедна титула, вели Лиде и додава:

-Јас сочувствувам со сите жртви и нивните семејства. Не дај Боже никому да поминува низ таа болка. Но, сите што го плукаат нека помислат како повеќе од една година тој се бори заедно со нас против пандемијата. Сите тие што зборуваат лошо за него нека се сетат само на оваа година ипол колку беше транспарентен, како неговите пресови беа и се уште се најгледани и дека секогаш имаше одговор за се. Никого не оставил без одговор или без помош. Беше најомилен министер. Е како тоа сега се се смени преку ноќ, вели таа.

Лиде не го заборавила неговото ветување, не ја заборавила реченицата „ќе пиеме кафе кога ќе заврши пандемијата“, и се уште се надева на средба, иако, како што вели, средба во живо имаше, но тоа не е тоа. Вели дека веќе не станува збор за тоа дека таа го сака, не само дека таа се навикнала на него, туку дека нивната средба ја поддржува и очекува цела држава.
Извор: ММС

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Македонија го заврши Светското првенство на 15. место

Македонската ракометна репрезентација го освои 15. Место на СП 2025 што се одржува во Хрватска, Данска и Норвешка, откако нашите ракометари со вечерашниот пораз...

Клековски објасни зошто нема лекови на „Онкологија“: Не сакаме да купуваме на реверс

Директорот на Фондот за здравство, Сашо Клековски, вечерва во „Тема на денот“ на ТВ Сител рече дека нема да се купуваат лекови на реверс...

Данела Арсовска објави слика од насилници кои претепале службени лица !!!

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, го повика МВР да ја уапси, како што вели таа, банкадата која пали диви депонии, откако биле претепани...

Притвор за двајца полицајци од Битола оддавале службена тајна

На 24.01.2025 од страна на полициски службеници од Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди, Одделот за криминалистичка полиција и СВР Битола...