16.9 C
Ohrid
понеделник, август 11, 2025
ПочетнаАвстралија"Ни забивте нож в грб " Итно одповикан амбасадорот на Франција  од...

“Ни забивте нож в грб ” Итно одповикан амбасадорот на Франција  од САД и Австралија гневна поради новиот пакт

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Париз ги повика своите амбасадори од Вашингтон и Канбера на консултации, наведувајќи го како „неприфатливо однесување“ на САД, Обединетото Кралство и Австралија во постигнувањето договор за нуклеарни подморници што го попречи францускиот договор за бродоградба.

<

„По барање на претседателот на Републиката (Емануел Макрон), решив веднаш да ги повикам на консултации во Париз нашите двајца амбасадори во Соединетите Држави и во Австралија“, рече во петокот францускиот министер за надворешни работи Жан-Ив Ле Дриан.

Ле Дриан рече дека одлуката е оправдана поради „исклучителната сериозност“ на објавата на Австралија и на САД на 15 септември.

Напуштањето на подморничкиот проект што го договорија Канбера и Париз во 2016 година претставува „неприфатливо однесување меѓу сојузниците и партнерите, чии последици влијаат врз самата концепција што ја имаме за нашите сојузи, нашите партнерства и важноста на Индо-Пацификот за Европа“, изјави францускиот министер за надворешни работи.

Американскиот претседател Џо Бајден, австралискиот премиер Скот Морисон и неговиот британски колега Борис Џoнсон ја објавија иницијативата „АУКУС“ на виртуелен настан во средата попладне. Во центарот на овој нов сојуз на „поморски демократии“ е 18-месечниот проект за снабдување на Канбера со подморници со нуклеарен погон, но конвенционално вооружени. Со тоа Австралија ќе стане само седмата земја во светот што управува со вакви бродови – и единствена без сопствен нуклеарен арсенал.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Началникот ќе биде разрешен: Внатрешна контрола констатира непрофесионално однесување !!

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека Одделот за внатрешна контрола при МВР, по извршени проверки во врска со објавеното видео за време...

Ново убиство ја потресе Македонија- Телото на убиениот сеуште е во автомобилот.

Едно лице е убиено откако беше нападнато со огнено оружје при тешкиот инцидент што се случи денеска во Тетово, информира ТВ21. Неофицијално, убиството е извршено...

Се запали глисер на брегот на Охридското Езеро.

Денеска попладне во туристичката населба Елешец, на брегот на Охридското Езеро, избувнал пожар на глисер. Според првичните информации, огнот брзо се проширил, а густ чад...

,,Градоначалникот Пецаков на уникатното автомобилско шоу под охридското небо”

Вечерва, под отвореното небо на нашиот прекрасен град, се одржа третото издание на Night Car Show, каде на едно место се собраа заедно сите...