14.4 C
Ohrid
среда, мај 1, 2024
ПочетнаАвстралијаНајдовски -Овај попис е наменет фиктивно да се зголеми бројот на албанците...

Најдовски -Овај попис е наменет фиктивно да се зголеми бројот на албанците во Македонија, За ОМД- Дали бојкотирачите сакаат Македонија на македонците да умре ?

spot_imgspot_img

Македонците кои живеат надвор од својата родна земја Македонија уште еднаш се соочени со предизвик за кој не се сигурни како да постапат. Ставени се пред свршен чин во период кога се промени името на државата, се вовдеде двојазичност ,се промени и редефинира уставот а сега се бара да се попишат на попис во кој на почетокот директно се вклучија премиерите на Косово и Албанија а вицепремиерот од ДУИ Артан Груби секојдневно излегуваше со победнички бројки. Се изнаслушавме на изјави од соседствот од типот дека химната и знамето на Македонија мора да сменат , па бројноста ќе биде голема итн

Оваа реторика внесе сомнеж кај голем број граѓани посебно во дијаспората , се поставува прашањето дали целта на овие реторики од Косово, Албанија а и одвнатре беа оркестрирани за да се внесе голем сомнеж кај македонците или навистина е така. Неколку активисти во дијаспората повикаа за бојкот а некои веќе се попишаа и повикуваат да се учествува на овој попис и македонците да го кренат гласот по секоја цена .

На пописот во Австралија во 2016 година како македонци се изјаснија блиску до 100 илјади жители а сега за македонскиот попис има слаб одзив.

Дали луѓето што повикуваат на бојкот свесно или несвесно ја водат Македонија во ситуација каде 50% или помалку од нејзините жители ќе се Македонци? Во тој случај, кој би можел да ја брани идејата за македонска држава, осмислена како душевна татковина на македонскиот народ? Во случај на статистичка еднаквост во етничка смисла, Македонија ќе стане конфедерација на народи. Идејата за унитарна држава на Македонците сама по себе ќе умре. Дали бојкотирачите навистина сакаат Македонија да ја снајде оваа судбина се прашуваат од Обединета Македонска дијаспора која повикува масовно да се излезе на попис


Тие исто така нагласија дека бојкотирале или не на крајот светот ќе се води по објавените статистички бројки.

Др- Ицо Најдовски Перин долгогодишен активист во македонската заедница во Австралија не мисли така .

Зошто мислите дека Македонците во дијаспората треба да го бојкотираат пописот?

Овај попис е партиско-политички попис, односно, договор на Заев и Ахмети. Методологијата на пописот не ги исполнува меѓународните правила за попис на Евростад и ООН. Но исто така можеме да се повикаме и на австралискиот попис од 10 август оваа година и да го споредиме. Пописите се статистичка операција и никогаш не се попишуваат иселеници или лица кои се надвор од државата на денот на пописот. Со пописот во Македонија не само што дозволува попишување на дијаспората туку и не се води сметка за најосновните правила и закони. Човек може да се попише од дијаспората преку роднини и пријатели од Македонија и повторно и повторно да го попишуваат во Македонија како да е вратен. Тука нема никаква контрола. Уште повеќе што бројот на дијаспората ќе биде употребен за приграбување на буџетски пари во локалните самоуправи каде што градоначалник е етнички албанец а реалната бројка на резидентното население нема да биде спрема реалниот изглед на општината.
Пописот се прави за отворање на нови училишта, патишта, болници, итн. Овај попис е наменет фиктивно да се зголеми бројот на албанското население во Македонија, да се зголеми процентот некаде на 35% и со тоа легално да се дозволи албанското малцинство да стигне до 40 пратеници во Собранието. Тоа е овозможено преку промената на изборните единици 5 и 6.
На крајот дека пописот е договор а не статистика можеме да потврдиме со врзаниот потпис на директорот и заменик директорот на ДЗС.
Инаку, во светот не е познато да се попишува дијаспората на држава која изведува статистичка операција. Статистиката е за населението кое живее во државата.
Сосема за крај, македонската дијаспора не верува во институциите на Северна, Заев и Ахмети.

Ако учествуваме дури и да не избришат важно сме се запишале како Македонци а ако не учествуваме нема воопшто да не има сме се избришале самите -што мислите за ова?

Не, не така. Договорот на Заев и Ахмети не го содржи вашето прашање. Овај набрзина склепан партиски попис не е наменет за македоскиот народ и македонците во странство. Бројката однапред е договорена и така ќе биде заведена. Единствена можност да се спротиставиме и на ова од многуте предавства на Заев е да не се попишиме. Со тоа ќе се создаде политичка клима да се одложи пописот од 2021 год и да се реализира со некоја друга влада на Македонија каде што нема во прв план да се предавставата.

Така беше и за референдумот но ништо не се смени – ова го искористија од владеачката партија и рекоа дека тие што не излегоа и бојкотираа не кажаа дали го прифаќаат или не значи не се знае нивниот глас дали така ќе биде и за пописот – ќе се бројат само тие што се попишаа?

Референдумот е чист како солза. ДИК го проглас за неуспешен. А тоа што не се почитува референдумот и се гласаше во Собрание со пратеници од затвор дилемата е чиста. Која била наредна влада може да ги поништи антиуставните и нелегални одлуките на Собранието. Ние не можеме да правиме споредба на референдум и статистички попис. Тоа се две сосема различни операции и немаат ништо заедничко.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Мицкоски: Победата е на дофат, да излеземе масовно на избори, заедно да победиме за промени и да го испишеме следното поглавје од приказната за...

Ги слушнавме вашите гласови како одекнуваат низ улиците, одѕвонуваат од желбата за промена и обнова. И денес стојам пред вас, длабоко благодарен од вашата...

Мајката на младата Македонка која доживеа мозочен удар со порака која го кине срцето

Двесет и четири годишната Елена Маџова од Свети Николе лекувањето го продолжи во Турција, откако хуманите граѓани на нејзиниот роден град организираа низа на...

Снежана Михајловска: Имав само 5 години кога бев силув*на, а човекот се вика Борче Трпковски !!!!

Снежана Михајловска во поткастот на Лазаров го кажа со име и презиме човекот кој пред 40 години ја силувал во неговиот дом! Таа имала...

Давкова до Пендаровски: Јас ви го признав резултатот, вие умрете барем машки

Кандидатите за претседатели Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова денеска се соочија во „Претседателска дебата“ на ТВ21. Силјановска Давкова му порача на својот противкандидат, кој...