6.9 C
Ohrid
понеделник, декември 23, 2024
ПочетнаМакедонијаГрадоначалниците набавуваат гориво со општински пари и го точат во приватни возила

Градоначалниците набавуваат гориво со општински пари и го точат во приватни возила

spot_img

Потпретседателка на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) Катица Николовска денеска на јавната дебата посветена на претстојните локални избори рече дека дел од градоначалниците трошат средства од буџетот на општините за набавка на гориво, кое се точи во приватни возила, кои се во функција на изборните активности.

Таа рече дека ДКСК ги следи сите дојави за точење гориво од општински пари во изборни цели, ги евидентира, нотира, и согласно надлежностите на Комисијата, ќе се оцени дали има потреба од отворање на предмет, постапување и соодветно санкционирање.

Сите дојави кои ќе пристигнуваат до нас во текот на овој изборен процес, понатаму ќе претставуваат иницијатива да креираме нови механизми за следење на сите средства, не само со кои располагаат општините, туку и другите институции, да ги направиме транспарентни во делот на трошењето на буџетски пари во предизборниот и изборниот процес, истакна Николовска.

Од ДКСК сметаат дека донекаде успеале да го решат проблемот со користење на службени возила за партиски активности, останува уште да се најде начин да се спречи користењето на горивото платено со општински пари а користено за приватни возила.

Николовска, меѓу другото, на јавната дебата „Локални избори 2021 – Интегритет на изборниот процес и интегритет на учесниците“ во организација Државната комисија за спречување на корупцијата, посочи дека сме сведоци оти кај нас секоја година се одржуваат некакви избори, така што, партиите, како што рече, стануваат доминантни во секојдневниот живот на граѓаните и влијаат врз креирање на мислењето или на нивното однесување.

Ако политичките партии се креатори на начинот на живеење и однесување во една држава преку законите кои ги креираат и ги носат, и како и сите други треба да ги почитуваат и применуваат, зошто пред секои избори се изнаоѓаат начини, и сето она што не е со закон забрането, станува редовна пракса за промовирање на некои проекти, партиски активности и пред официјално да започне изборната кампања. Партиите за да добијат што поголем број гласови, често пати даваат ветувања кои не се реални или се тешко изводливи. Уште повеќе што во програмите остануваат како жив доказ за нивното лошо планирање, односно за активности кои не се реализирани, вели Николовска.

Таа се осврна и на кандидирањето на лица кои во средината се познати како лица со сомнителни бизнис релации, потоа некој кој не е доволно ценет во својата средина, тогаш во кампањата наместо да се зборува за што се планира да се направи во иднина, се фокусира на создавање црна слика за личноста, а и со тоа на партијата.
Николовска забележа дека денес се користат новите технологии за кампањи, како што се социјалните мрежи, портали. Но, како што рече, најчесто се користат да се креира црна слика за некоја личност, односно за членови на ривалските партии.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Трамп: Во САД ќе има само два пола – машки и женски

Официјалната политика на САД ќе биде да има само два пола – машки и женски. Ова им го соопшти новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп,...

Тик Ток веднаш изреагира за забраната: Во Албанија одлучуваат Албанците, вели Еди Рама !!

По информациите дека кинеската интернет компанија БајтДенс, во чија сопственост е платформата Тик Ток, ќе побара „итно појаснување од албанската влада“ во врска со...

Горан Пандев назначен за спортски директор на македонските репрезентации

Македонската фудбалска легенда, Горан Пандев е назначен за спортски директор на сите македонски репрезентативни селекции. - Илија Најдоски, еден од великаните на македонскиот фудбал, заедно со...

Баба од Скопје го тепала внукот со тврд предмет.

Во полициска станица во Скопје од 25-годишна жена било пријавено дека во семејниот дом кој се наоѓал на подрачјето на Бит Пазар нејзинот малолетен...