20.9 C
Ohrid
сабота, октомври 5, 2024
ПочетнаМакедонијаМладиот фармер кој произведува неверојатни сирење и кашкавали

Младиот фармер кој произведува неверојатни сирење и кашкавали

Игор Поповски е градски лик кој неодамна стана фармер и во битолското Дихово има стадо овци од чие млеко произведува неверојатни сирења и кашкавали и за тоа зборува со нескриена страст.

Игор е човек кој ги сака планините, го сака својот маунтбајк за да врви неброени километри низ природа, го сака трчањето на трките, а трча и низ животот како промотер на Slow Food Macedonia.

Како започна твојата приказна со проозводство на сирење и кашкавал?

– Приказната започнува чисто случајно, без некои поголеми планови, без некакви големи подготовки и анализи. По завршувањето на факултетот за патен сообраќај и транспорт на Технички факултет во Битола факулетот 2009 година требаше да почнат нешто посериозно да работам. Ова производство дојде како предлог од татко ми, со зборовите …. “Ај да пробаме, не губиме ништо.”

Јас освен да сварам млеко и да изедам цело парче сирење на едно јадење, не знаев ама баш ништо друго за млекото. Првиот период почнавме со земање на млеко од луѓе кои чуваа стока. Земавме по една кофа млеко, 10 до 20 литри млеко, за да видиме што можиме да направиме. Зборувам во множина , бидејќи на почетокот работевме заедно, т.е заедно и учевме. Мене ми беше се чудно, ново, несекојдневно, ама желбата ме влечеше да пробам да направам нешто што ретко некој го произведува. Дел од луѓето кога разбраа што ќе работам ме подржуваа, ама еден дел дури и ми се потсмеваа, со реченици од типот “Е како не, до вчера учеше за патишта сега ќе си правел сирење”. Постепено низ годините се подобрував. Денес сум дојден до некое квалитетно ниво на производство.

Зошто ги избравте токму село Дихово?

Зарем има поубаво село од Дихово ? За мене нема! Добитокот ни е во Дихово, бидејќи за среќа е сѐ уште незагадено, ливадите сѐ уште не се извалкани, а воздухот е чист. Ова село за мене има вредност затоа што потеклото нс мојата мајка е од Дихово.

Од кој најмногу учеше во годините наназад?

Сега ќе звучам малку фалбаџиски, ама навистина јас не учев од никого, освен од самата работа која ме учеше. Додека добиеш искуство со одредена работа, сигурно ќе платиш одредена цена, занает не се учи лесно. Непроспиени ноќи, упорност, планови и идеи како да направиш, како да дојдеш до подобар производ, до подобро јагне на пазарот. Нешто научив по малку од луѓе кои работеле со млеко и со стока, од секој можиш нешто да скубниш и да научиш, но потоа тоа да го примениш на свој начин. Но сепак самата работа најмногу ме научи.

Целото интервју тука.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Таткото и чичкото на починатото 14-месечно девојче кршеле инвентар во Детската клиника

Министерството за внатрешни работи соопшти дека таткото и чичкото на починатото 14-месечно девојче, кршеле инвертар во Детската клиника. Денеска (05.10.2024) во СВР Скопје е пријавено...

После 24 години во Македонија ќе се отвори средно полициско училиште !!!

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски најави дека ќе се отвори ново средно полициско училиште, кое беше укинато во 2000 година. На денешната прес-конференција...

„Со поставување на безбедносните камери, ќе немате повеќе кому да се јавите за да ви скине казна“, вели Тошковски

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, денеска на прес-конференција зборуваше за поставувањето на безбедносните камери. На новинарско прашање дали и во иднина ќе има јавувања,...

Нова тешка несреќа се случи утринава на патот Струмица-Валандово, едно лице загина !!!

Нова тешка несреќа се случи утринава на патот Струмица-Валандово, поради што и патниот правец беше затворен. Едно лице, го загубило животот. На излез од село...