18.9 C
Ohrid
недела, мај 5, 2024
ПочетнаМакедонијаЛидерот на Левица: Пописот го прогласувам за УМРЕНО

Лидерот на Левица: Пописот го прогласувам за УМРЕНО

spot_imgspot_img

Лидерот на Левица, Димитар Апасиев вели дека во моментот се врши неуспешно фалсификување на пописот.

Еве како иде неуспешното фалсификување на ПОПИСОТ (инфо од прва рака, од нашите инфилтратори на терен):

1. На пет дена пред крајот на Пописот, скопските општини се само половично попишани (во бојкотот дефинитивно води општина Аеродром), каде цели згради одбиваат да се попишат – види видео во коментар.

2. Луѓе кои биле во странство и оттаму се попишале (во април), сега се вратени во МК и пак се попишуваат втор пат – системот не ги дава како попишани!?

3. Човек се попишал во Австрија, сега од дома – жена му го повторно го попишува како да е тука (системот не го дава дека е двојно попишан)!?

4. Фамилија иселена во Швајцарија пред неколку години – маж, жена и две деца – дедото ги попишува дека се тука (системот не ги дава дека се веќе попишани)!?

5. Планот за фалсификување на пописот дефинитивно им е пропаднат! Немаат време ни да се закануваат со казни, ни да ги пишуваат (оти така ќе признаат дека стотици илјади Македонци одбиле да се попишат). Во недоумица се што е најпаметно да направат за да не се избламираат – па гледаат само провизорно да го „покријат“ теренот со попишувачи кои ги шетаат и по други градови. Затоа и ги отворија овие т.н. локални пунктови за поишување надвор од дома, кои немаат никаков ефект.

6. Планираат подоцна, од вака скрпените податоци, истите да ги пополнуваат вештачки – преку разни регистри и застарени „бази на податоци“! Но, тука им се јавува еден огромен проблем – им фалат личните изјаснувања (за јазик, припадност, религија и сл.), па добиле инструкции од раководните луѓе на ДЗС буквално да ги фалсификуваат на своја рака – за што, накнадно, ќе си одговараат кривично.

НАРАВОУЧЕНИЕ: Пописот 2021 го прогласуем за умрено! <3 #НеОтворамВрата напиша Апасиев на социјалните мрежи..

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Охриѓани ја продолжија традицијата – одиграа фудбалски натпревар стари против млади по повод Велигден!

Фудбалски натпревар кој 64-ра година по ред се игра по повод Велигден! Традиција која ја започнале жителите на Месокастро, а низ годините им се...

Да си ја сакаме државата, да го сакаме ближниот, велигденска честитка на Мицкоски

Од мое лично име и од име на ВМРО-ДПМНЕ на сите верници им го честитам големиот христијански празник, Христово Воскресение – Велигден. Христовото воскресение...

Д-р Александар Веслиески ви ги честита Велигденските празници, посакувајќи мирен и спокоен живот, добро здравје и неизмерна среќа.

Познатиот специјалист по анестезија, реанимација и интензивно лекување Др Александар Веслиевски, кандидат од партијата ЗНАМ во 5-та изборна единица ви ги честита Велигденски празници,...

Градоначалникот Пецаков: Ви го честитам овој голем Христијански празник – Велигден и Ви посакувам, здравје, благодет и нека Христовата љубов и спокој бидат присутни...

Христос Воскресна! Навистина Воскресна! Ви го честитам овој голем Христијански празник – Велигден и Ви посакувам, здравје, благодет и нека Христовата љубов и спокој...