29.9 C
Ohrid
вторник, јуни 18, 2024
ПочетнаМакедонијаШаќири: Јас ќе бидам најчесниот градоначалник

Шаќири: Јас ќе бидам најчесниот градоначалник

Време е да престане бетонизирањето на секоја слободна површина во градовите, време е навистина да понудиме и за нас и на идните генерации, чист воздух за да останат здрави. Време е да го поттикнеме органското производство на храна, затоа што тоа е иднината, не само кај нас, тоа е иднината на глобално ниво. Време е да вложиме повеќе во развојот на еко-туризмот. Време е конечно да ги ги дигитализираме нашите општини, бидејќи и ние и поколенијата коишто доаѓаат по нас сакаат да живеат во модерни современи средини, истакна лидерката на ДОМ Маја Морачанин, на вечерашниот митинг со кој се означи стартот на изборниот караван на движењето „Одлучно за промени”, водено од ДОМ и ЛДП.

Таа нагласи дека нивното Движење навистина е е одлучно да донесе промени во сите македонски општини.

Навистина сме одлучни да ги донесеме промените во нашите општини за кои сите мечтаеме и кои ни се на сите нас потребни, за да можеме да имаме еден здрав, квалитетен живот, да гледаме среќни луѓе на на нашите улици, потенцираше Морачанин.

Лидерот на ЛДП и кандидатот за градоначалник на Битола на Движењето „Одлучни за промени”, Горан Милески посочи дека направиле една моќна политичка групација на силни индивидуи, интелектуалци, луѓе кои размислуваат со сопствената глава.

– Сакаме граѓаните да бидат на прво место, нивните интереси, потреби и барања. Сакаме да живееме во места кои ќе зрачат со топлина и светлина. Места во кои ќе има зелени паркови и детски катчиња, места каде нема да има загаден воздух, застој во сообраќајот, гужви на шалтерите. Сакаме градоначалници кои водат грижа за нашите возрасни граѓани, за пензионерите. Сакаме да направиме општини каде нема да мора да фаќате врски да запишете дете во градинка, каде нема да ви требаат врски да најдете место во старски дом. Општини кои ќе овозможат нашите идни генерации да спортуваат и да водат здрав живот, нагласи Милески.

Тој наведе дека нудат тим на советници во 51 општина. Нудиме кандидати за советници, како што рече, кои ќе бидат чувари на интерсот на граѓаните.

– Тоа ќе бидат луѓе кои јавниот интерес ќе го стават пред личниот и пред партискиот. Нудиме 18 кандидати за градоначалници кои ќе работат за вас за граѓаните. Општините ќе бидат отворени за граѓаните, отворени за приватните иницијативи кои не го загрозуваат јавниот интерес, истакна Милевски.

Тој посочи дека нивните вредности се се брза дигитализација која ќе доведе до ефикасна администрација, општини кои нема да се потпираат само на изворните приходи туку ќе бидат активни во привлекување на средства од ЕУ фондовите и приватните иницијативи, чист и зелен град, развој на туризмот и спортот.

– Во оваа кампања ќе го искористиме секој ден за промоција на нашите вредности, заложби и проекти. Нема да дозволиме да не вовлечат во негативна кампања но ќе реагираме на шпекулациите и невистините кои ќе ги пласираат нашите конкуренти кои се во насока на збунување на нашите гласачите. Почитувани граѓани, на 17 октомври ве повикувам масовно да излезете на гласање. Да гласате за луѓе во кои имате доверба, за луѓе кои ги познавате и кои знаете дека нема да ве изневерат. Да гласате по сопствено убедување а не заради тоа што некој така ви рекол од партијата. Да гласаме сите за бројот 2 и да ги поддржеме овие луѓе кои се спремни целосно да се вложат за своите општини за своите граѓани, заклучи Милевски.

Кандидатот за градоначалник на Град Скопје, Арбен Бени Шаќири истакна дека вечерва е тука во Скопје со цел да се обиде да го побара гласот на граѓаните на градот Скопје.

– Да им покажам после 30 години дека може да имаат најдобар градоначалник. Како натпартиски кандидат поддржан од ДОМ и од ЛДП. Ниту сум најмудар, ниту најпаметен, но сум длабоко убеден дека ќе бидам најчесниот и најдоблесниот градоначалник кој досега овој град го имал. Затоа ве повикувам на 17 октомври да го пренесете овој глас онаму каде што можете и каде што влијаете, да го дадат гласот за нашата коалиција, сите знаедно да бидеме одлучни во промената која ја заслужуваме, потенцираше Шаќири.

За повеќе детали Тука

spot_imgspot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Веќе втор ден се трага по Злата Јанкова (45) од Свети Николе-Со такси тргнала да си оди, но не стигнала дома..

Веќе втор ден се трага по Злата Јанкова (45) од Свети Николе, која во неделата околу 15 часот тргнала да си оди дома, во...

Четири и пол часа траела операцијата на ПСС за извлекување на телата на сопружниците од Ресен кои загинаа во страотна сообраќајна незгода !

Четири и пол часа траела операцијата на Планинарската спасителна служба за извлекување на беживотните тела на сопружниците од Ресен кои со своето возило излетале...

Фондот пак го одби Леонид да му даде пари за лекување, објави Андоновски

Заменик-народниот правобранител, Јован Андоновски, објави дека Фондот за здравство одново донел решение со кое одбива да го плати лекувањето на Леонид Индов во Виена....

На 89 годишна возраст почина првиот претседател на Собранието на самостојна и суверена Република Македонија, Стојан Андов.

На 89 годишна возраст почина првиот претседател на Собранието на самостојна и суверена Република Македонија, Стојан Андов. Андов е роден во Кавадарци на 30 ноември...