15.9 C
Ohrid
среда, август 13, 2025
ПочетнаМакедонијаДО СИТЕ МАКЕДОНЦИ ВО ДИЈАСПОРАТА !!!

ДО СИТЕ МАКЕДОНЦИ ВО ДИЈАСПОРАТА !!!

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

 

<

Драги Македонци,

Уште нецела недела остана до завршувањето на најважната статистичка операција во Македонија во последниве две децении. Исходот од пописот дирекно ќе влијае на иднината на нашата најмила и единствена татковина. Бројките ќе одредат дали Македонците сеуште заслужуваат место под ѕвездите кое ќе го сметаат за свој дом – за прибежиште на душата, за ковчеже на спомените, за блескав зрак во свет полн со темнина. Бројките ќе ни диктираат дали ќе продолжиме да се бориме за нашите правдини како нашите предци, или ќе ја испоганиме нивната самобитност со нашата тврдоглавост. Вие одлучувате и од вас зависи.

Прашајте се, што ќе им кажам на децата и внуците за десет, дваесет години од сега? Дали ќе им речам дека се борев и победивме или дека немо стоев покрај патот неправејќи ништо? Дали ќе можете да се соочите со последиците од вашата одлука ако не се попишете сега и не се додадете кон листата на Македонци? Кој ли ќе биде вашиот изговор за самобришење? Што ли ќе биде темелот на вашето постоење како Македонци ако одбивате јавно да се изјасните како такви? Со бојкот, за ниедно од овие прашања нема да имате соодветен одговор. Македонија се сака со дела и со жар, а не со седење молкум и оплакување на самонанесената рана.

Има уште неколку дена до завршување на пописот. Ништо не е готово, ништо не е изгубено. На тие што веќе се попишале, им велиме големо благодарам. На тие што имаат прашања, им подаваме рака и им нудиме помош. На тие што се двоумат, им праќаме охрабрувачки зборови и поттик. А на тие кои сакаат да не отрујат со лошотилак, им посакуваме душевен мир. На Македонците им е смачено од поделби, лаги, и лов на предавници. Бојкотирачите се осамени во самосоздаден свет на омраза и не сакаат да излезат на чист воздух од добри мисли и зборови. Сакаат да изчезнат и да ги повлечат сите удолу со нив.

Но ние, љубителите на Македонија сакаме само да бидеме толку колку што сме, ни помалку ни повеќе. На никому ништо не му бараме, но нашето сакаме да ни го признаат. Да почнеме со самопризнавање и попис. Кога ќе не има во големи бројки, невозможно ќе биде да се доведе под прашање нашето битисување како Македонци. Со бројките ќе можеме да општиме со другите, да се докажуваме, да се потврдиме, да се охрабриме, да бидеме. Без бројки, буквално ќе не нема.

Затоа, Македонци, ако не сте се попишале, направете го тоа во најскоро можно време. Ако живеете во Македонија, отворете им врата на теренските попишувачи. Запомнете, овие дечки и девојки ја сакаат Македонија исто како и вие, и се среќни да додадат Македонци на пописната листа. Ако сте во дијаспората, потрошете 5 минути и регистрирајте се на веб страната за пописот.

Македонија ја бива само со Македонци, а не без нив. Македонци, сакајте се еден со друг и почитувајте се. Наоѓајте начин да се сплотите и не барајте семе на поделба. На крајот.

на пописот, посакувам да ве има, да не има, да ја има Македонија – поголема, посилна и побогата со повеќе Македонци!

Линк за пописот https://popis2021.stat.gov.mk

Тука

Автор: Александар Поповски, член на ОМД од Флорида

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

15 годишно дете со автоматска пушка го извршило убиството викендов во Тетово

Основното јавно обвинителство Тетово отвори истрага против четири лица – тројца возрасни и едно дете – осомничени за крвавиот оружен напад што се случи...

Вработените на Урологија се откажале од парите за службени мобилни и наместо тоа купиле 18 клими за пациентите

Универзитетската клиника за урологија денеска ја промовираше новата, целосно реновирана болничка инфраструктура, како дел од широк инвестициски и реформски циклус, кој опфаќа модернизација и...

Циркузот продолжува: Директорката Лозановска не сака да зборува на англиски иако положила курс во Бугарија.

Во последните денови, јавноста со големо внимание го следи случајот со поранешната директорка на училиштето во Демир Хисар, Маја Лозановска, кој повторно ја отвори дебатата...

Ахмети: Јас резервна татковина немам- Мојот прадедо и дедо почиваат во кичевско.

Тогаш и денес, јас друга држава немам. Јас резервна татковина немам. Мојот прадедо и дедо, моите татко и мајка, почиваат во Зајас, Кичевско, вели...