13 C
Ohrid
петок, октомври 18, 2024
ПочетнаМакедонијаПоради пестициди, Република Српска забрани увоз на грозје со потекло од Македонија

Поради пестициди, Република Српска забрани увоз на грозје со потекло од Македонија

Поради пестициди, Република Српска забрани увоз на грозје со потекло од Македонија. Оваа одлука ја донесе Фитосанитарната инспекција на Република Српска во БиХ. Забранетиот увоз се однесувал на износ од 20.730 килограми, поради зголемената содржина на пестициди, јави дописникот на МИА од Белград.

„При редовниот преглед на пратка храна од растително потекло при увоз, надлежниот инспектор извршил земање мостри за лабораториска анализа со цел да испита остатоци од пестициди“, соопшти Инспекторатот на Р.Српска, пренесува РТРС.

Врз основа на извештајот за лабораториска анализа издаден од „Институтот за вода“ во Бјелина, во кој е испитано присуството на 180 активни супстанции, во анализираниот примерок открино е зголемено присуство на пестициди „фосмет“ над вредностите пропишани со Уредбата за максимално ниво на остатоци од пестициди во и на храна и храна за животинско и растително потекло.

Постапувајќи по резултатите од анализата, инспекторот донесе решение со кое се забранува увоз и нареди враќање на спорната пратка на испраќачот или уништување под надзор на надлежен инспектор.

Од Инспекторатот потсетија дека овој месец поради зголеменото присуство на пестициди беше забранет увозот на 6.842 килограма трпезно грозје од Албанија и 660 килограми свежа краставица од Северна Македонија, додека увозот на 24 тони компири со потекло од Полска беше забранет поради утврдено присуство на економски штетен организам.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Полициска акција за дрога во Тетово и Охрид: Уапсени 13 лица, едно е во бегство!

Претреси на 17 локации во Тетово и Охрид, уапсени се 13 лица, а едно лице е во бегство – ова е исходот од денешната...

Во Велес утре Ден на жалост поради тројцата велешани кои настрадаа во сообраќајка

Како што информират од Општина Велес, на Денот на жалост, знамињата во Општина Велес ќе бидат истакнати на половина копје, сите културни и спортски...

Боки 13 на игра ќе доделува 7 автомобили и стан во Скопје.

Боки 13 лицето кое до неодамна беше во затвор а ослободен поради влошената здравствена состојба, го организара најголемиот Giveaway во Македонија... Македонијо започнува најголемиот GIVEAWAY...

Русковска: Не сум го читала светото писмо, затоа што не сум верник !!!

Ни помалку ни повеќе не сум горда за предметот за 27 април од другите предмети, тврди разрешената шефица на ОЈО ГОКК, Вилма Русковска во...