10.6 C
Ohrid
недела, март 23, 2025
ПочетнаМакедонијаАлачки: Доколку победам ќе го брендирам компирот, ракијата и сирењето- Берово ќе...

Алачки: Доколку победам ќе го брендирам компирот, ракијата и сирењето- Берово ќе биде на светската карта запишано…

spot_img

Кандидатот на партијата Интегра, за градоначалник на Берово, познатиот хармоникаш Горан Алачки, денес во Берово ја презентираше програмата во која како што вели се застапени проекти од областа на здравството, брендирање на малешевските земјоделски продукти, заштита на шумите, со посебен акцент на туризмот и културата, каде Берово ќе биде препознатлива светска и најатрактивна туристичка дестинација.

<

-Општина Берово ќе биде на светската карта на најатрактивни туристички дестинации за различни видови туризам: културен туризам, агро туризам, велнес туризам, музичко едукативен туризам и др.Ќе се воведат признанија – амбасадори на културата и заслужни граѓани на Општина Берово, со цел да се поттикнат и поддржат сите културни работници и уметници коишто даваат личен придонес за популаризација на културата, уметноста и музиката, со настап на на светски натпревари, изложби и фестивали.Исто така ќе работиме на заштита и брендирање на најзначајните продукти што се произведуваат во општината како што се сирењето, сливовата ракија,компирот и др. Жените во општината кои макотрпно ги произведуваат нај ретките уникатни рачни изработки и органски производи, ќе бидат видно означени нивните објекти каде произведуваат како би можеле туристите да купуваат од нив – рече Алачки.

Кандидатот за градоначалник на Берово, Горан Алачки се осврна и на патната инфраструктура и повторно профункционирање на автобуските линии, а како примарен голем проект го наведува изградбата на патниот правец од Владимирово до Радовиш.

 

 

Ќе ја подобрам патната инфраструктура со безбеди витални патишта во општината и ќе воведам директни автобуски линии за поврзување на Општина Берово со поголемите градови во Републиката. За подобрување на патната мрежа ќе ги искористам сите мои контакти низ целиот свет за да го полнам општинскиот буџет.Примарен голем проект ќе ми биде изградбата на регионалниот пат од Владимирово до Радовиш – рече Алачки.

Денешниот ден партијата Интегра и кандидатот за градоначалник на Берово, Горан Алачки, го искористија за посета на градскиот пазар во Берово, каде поразговараа со граѓаните и ја преставија идејата на партијата за подобро и перспективно Берово.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Општина Охрид ќе додели финансиска помош за семејствата на жртвите во Кочани

Општина Охрид на седница на Совет која ќе се одржи следната недела ќе одлучува за доделување финансиска помош за семејствата на починатите и за...

Трошоците за лекувањето на повредените во дискотеката ПУЛС, се покриени од државата

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска одржа прес-конференција, на која ги информираше медиумите за активностите и мерките што Министерството ги...

Отец Димитар во поткастот на Лазаров откри како ги смири немирите во Кочани.

Отецот Димитар во разговор во поткастот на Лазаров откри што се случувало тој ден во Кочани, а исто така посочи дека се надева дека...

Почина внуката на Јосип Броз Тито: Остана запаметена по нејзините ставови за Македонија

Почина Светлана Броз, внуката на Јосип Броз Тито Во Белград, на 70-годишна возраст, почина Светлана Броз, внука на поранешниот југословенски лидер Јосип Броз Тито. Светлана...