14.1 C
Ohrid
среда, јули 9, 2025
ПочетнаМакедонијаЗаев: Ако сакаме швајцарски плати, треба да работиме многу повеќе и ефикасно

Заев: Ако сакаме швајцарски плати, треба да работиме многу повеќе и ефикасно

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Предлог решението кое предвидува скратено работно време на јавната администрација во петок, е ставено на ЕНЕР. Допрва ќе се отвора дискусија по ова прашање, граѓаните треба да го кажат своето мислење, а Владата внимателно слуша, рече денеска премиерот Зоран Заев.

<

Одговорајќи на новинарски прашања по промоцијата на новиот инвестициски циклус во „Пивара“, Заев го сподели својот впечаток – дека граѓаните очекуваат администрацијата што ја плаќаат да работи поефикасно, а не помалку ефикасно. Тоа се, рече, и неговите очекувања.

Според него, треба да направиме дополнителна рационализација на администрацијата.

-Ги знаете моите ставови и за севкупната продуктивност на населението и севкупната продуктивност и ефикасност на администрацијата. Како народ, треба повеќе да работиме, не помалку. Но, како ветување предизборно на политичките партиципиенти во власта, тоа е ставено на ЕНЕР и допрва ќе се отвора дискусија за ова прашање. Верувам дека граѓаните ќе си кажат тоа што е реалноста во државата, а реалноста е дека сите ако сакаме швајцарски плати, треба да работиме многу повеќе – од таа продуктивност што денеска ја имаме, почнувајќи од себе, па секако, до сите работници во приватниот и во јавниот сектор. Вториот дел, ефикасноста на јавната администрација е нешто што е сериозен фокус и мора да биде фокус. Видовме дека целиот систем со 38 отсто на работа луѓе за време на брановите на пандемијата, функционираше. Тоа само по себе кажува дека постојните капацитети на администрацијата мора да бидат максимално искористени. Тоа е очекувањето на граѓаните, но кога имате нешто отворено на ЕНЕР, несоодветно е премиерот да каже кои се очекувањата на граѓаните, туку граѓаните да си ги кажат своите очекувања, истакна Заев.

Тој додаде и дека кога доаѓаат барањата од граѓаните впишани во одредени програми и мерки, должност и е на Владата да ги претстави пред народот и народот да се изјасни.

-Администрацијата во 2016 година беше 165.000, а сега е 132.000. Најголем дел од администрацијата е во јавните државни или комунални општински претпријатија, без полицијата во униформа, без здравствениот систем на доктори, медицински сестри, болничари и без армијата, некаде околу 15.000 луѓе работат во министерствата, работат многу во енергетските и железничките компании, во патишта и во другите јавни претпријатија, како и во водовод, чистота, во комуналните претпријатија. Треба да направиме дополнителна рационализација на администрацијата. Ние продолжуваме со тој дел, истакна премиерот и потсети дека Законот за фиксно пензионирање стапува во сила од 1 јули 2022 годима, а има за цел да постигне намалување на администрацијата за нешто повеќе од 10 проценти.

Некаде, рече, ќе се пополнат местата – учителки, наставници кои треба да држат часови, а некаде – во јавни претпријатија луѓе ќе заминат во пензија без да се пополнат тие испразнети места.

-Една од најкрупните реформи која не очекува, не е само ЕУ, туку и ефикасноста, професионализацијата и експедитивноста на јавната администрација зашто тоа значи подобар економски стандард и подобра економија за сите, подвлече премиерот.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Чудо спречи трагедија: Цистерна за малку ќе завршеше во Брегалница кај градинката Астибо во Штип!

Чудо спречи трагедија: Цистерна за малку ќе завршеше во Брегалница кај градинката Астибо во Штип! Тешко возило – цистерна полна со гориво - за малку...

Тешка сообраќајна несреќа кај селото Оровник– едно лице загинато !!!

Ужасна сообраќајна несреќа се случи вечерва на влезот во Охрид, близу Аеродромот односно селото Оровник. Според првичните неофицијални информации, има едно загинато лице. Интервенираше противпожарна...

ХЕРОЈ! Скопски пожарникар 48 часа без прекин се бори со огнот!

Скопскит епожарникари со денови постојано вложуваат максимални напори за справување со пожарите на неколку локации во периферијата на градот. Според последното соопштение на ЦУК на...

Вознемерувачко: Детенце од Македонија врзано со јаже на рацете и вратот бидеќи украло пари од продавница !!!!

Сцена што не смее да се повтори – бурни реакции по видео со вербално и психичко малтретирање врз дете На социјалните мрежи кружи вознемирувачко видео...