18.9 C
Ohrid
недела, април 28, 2024
ПочетнаМакедонијаЏамијата која се гради во скопската населба Злокуќани е дивоградба и лицата...

Џамијата која се гради во скопската населба Злокуќани е дивоградба и лицата кои ја градат имаат рок од 15 дена да ја урнат, велат од Општина Карпош

spot_imgspot_img

Џамијата која се гради во скопската населба Злокуќани е дивоградба и лицата кои ја градат имаат рок од 15 дена да ја урнат, велат од Општина Карпош. Откако граѓани алармираа дека среде населба, меѓу куќите се гради џамија, инспектори од Општината излегле на терен во саботата. Кога отишле на увид не се вршеле градежни работи, но било констатирано дека постои објект за кој не е издадена градежна дозвола.

Одговорните лице биле повикани да дојдат на средба со градоначалникот Стевчо Јакимовски денеска во 9.30 часот.

„Никој до овој момент не одговори на поканата за средба и не дојде во Општината. Инспекторатот одреди 15 дена рок за доброволно отстранување на нелегалниот објект. Во случај да не биде доброволно отстранет објектот во предвидениот рок, случајот ќе биде пријавен и во Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам“, велат од Општина Карпош.

Граѓаните до редакцијата САКАМДАКАЖАМ.МК испратија фотографии од џамијата која се гради во Злокуќани, велејќи дека никаде нема никакво известување што се гради, ниту табла на која стои кој го гради објектот и кога е издадено одобрението за градба како што предвидува законот.
Сдк.Мк

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Мицкоски: Силјановска ќе добие поддршка од Максим Димитриевски во вториот круг

Се слушнавме и со господинот Максим Димитриевски. Знаете дека ВМРО-ДПМНЕ е во коалиција со градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски во Куманово. Очекуваме поддршка за...

Од денес погледот кон небото нема да е ист!

Од денес погледот кон небото нема да е ист! Од денес над нас, тука во Драчево стои еден моќен симбол на верата,...

„Вејце ниту се простува, ниту се заборава“ – Македонците паметат! Горат социјалните мрежи на годишнината од крвавиот масакр

Социјалните мрежи се преплавени со објави по повод 23-годишнината од масакрот кај Вејце, откако од заседа и ѕверски биле убиени, а потоа масакрирани и...

Ахмети: Ништо нема да ѝ се случи на земјата, ако ги ставиме Бугарите во Уставот!

Ние мора да ги решиме проблемите со соседните земји. Ништо нема да ѝ се случи на земјата, ако ги ставиме Бугарите во Уставот. Охридскиот...