25.9 C
Ohrid
недела, јули 6, 2025
ПочетнаСветВо Србија убиено и запалено тричлено семејство

Во Србија убиено и запалено тричлено семејство

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Претходно денеска, пронајден е и запален автомобил помеѓу двете села Доња Трнава и Тешица, за кој се претпоставува дека му припаѓал на семејството Џокиќ.

<

Српските полицајци пронашле три безживотни тела во атарот на селото Моравaц кај Алексинац, a сомнежите се дека станува збор за тричленото семејство Џокиќ чија трага се изгуби во неделата, соопшти Министерството за внатрешни работи на Република Србија, пренесува РТС.

По наредба на виш јавен обвинител од Ниш, телата се предадени на обдукција.

РТС јави дека местото каде се пронајдени телата е под полициско обезбедување и не им е дозволен пристап на новинарските екипи. Во Алексинац отпатувал и министерот за внатрешни работи, Александар Вулин, но не давал изјави.

Телата се најдени околу 16 часот. Српската полиција ќе продолжи со истрагата за расчистување на случајот.

Родителите Горан (57) и Гордана (56) и нивната ќерка Лидија (25) последен пат биле видени во неделата попладне во Алексинац како се возат во нивниот автомобил „пасат“. Во понеделникот полицијата започнала потрага по нив.

Претходно денеска, пронајден е и запален автомобил помеѓу двете села Доња Трнава и Тешица, за кој се претпоставува дека му припаѓал на семејството Џокиќ.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Македонецот Никола победи на „Ѕвездите на Гранд“

Синоќа се одржа големото финале на музичкиот натпревар „Ѕвездите на Гранд“, а токму македонецот Никола Станишиќ победи. Имено, Никола Станишиќ е роден на 18 февруари...

Трагедија во Охрид: Средовечен маж пронајден мртов во езерото кај плажата Извиднички

Тешка несреќа денеска попладне кај плажата Извиднички во Охрид. Средовечен маж бил извлечен од водите на Охридското Езеро без знаци на живот. Иако присутните...

Лишен од слобода “бајач” од скопско кој измамил брачен пар од Берово, за 400.000 евра

Лишен од слобода "бајач" од скопско, измамил брачен пар од Берово за 400.000 евра На 03.07.2025 година Б.Д. (76) од Берово во СВР ШТИП...

Претседателката е шокирана дека 40 отсто од администрацијата ништо не работи

Претседателката на државата, Гордана Сиљановска-Давкова изјави дека e „шокирана од изјавата на министерот Горан Минчев“ дека 40 отсто од вработените во администрацијата или ништо...