20.5 C
Ohrid
четврток, јули 3, 2025
ПочетнаМакедонијаФК Пелистер повторно ќе биде и битолска и национална гордост, а Чкембарите...

ФК Пелистер повторно ќе биде и битолска и национална гордост, а Чкембарите горди навивачи, изјави Кондовски.

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

ФК Пелистер повторно ќе биде и битолска и национална гордост, а Чкембарите горди навивачи!
Како голем поддржувач на ФК Пелистер среќен сум да најавам дека во идните неколку седмици ќе се заврши процесот на купопродажба на клубот!
Веќе е потпишан преддоговор клубот да го купи човек за кој верувам дека максимално ќе се вложи за доброто на истиот!
Јас и моите партнери ќе стоиме зад клубот со финансиска поддршка се додека клубот не застане на стабилни нозе!
Среќен сум и затоа што прв пат во историјата на битолскиот спорт, инвеститорот ќе оддели 10% од акциите како подарок за навивачката група Чкембари!
На тој начин Чкембарите ќе бидат дел од управата на клубот, односно за прв и тие ќе бидат сопственици како акционери!
Нивниот глас ќе се слуша!
Среќен сум и затоа што ова е желба и визија на битолчани!

<


Сакам да им се заблагодарам на поддршката која денеска ја изразија, а со тоа и ја потврдија мојата визија за реанимирање на ФК Пелистер, на Наумче Мојсоски, Претседател на Комисијата за спорт на СДСМ, Пеце Стојчевски, доминантен акционер во ФК Пелистер, Спортскиот директор на ФК Пелистер, Пеце Коруновски, но и на навивачката група Чкембари, во чие име денеска говореше Николче Лазаревски.
Нека ова биде уште еден чекор кон големи успеси! Кон европска иднина на клубот!
Обезбедуваме сигурна и стабилна иднина за ФК Пелистер!

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

После 137 години во Гостивар ќе ЗАЅВОНАТ ЅВОНАТА ВО ДУХОТ НА ХРИСТИЈАНСТВОТО на уште еден црковен храм.

После 137 години во Гостивар ќе ЗАЅВОНАТ ЅВОНАТА ВО ДУХОТ НА ХРИСТИЈАНСТВОТО на уште еден црковен храм, а со тоа ќе означат едно ново време,...

И оваа година, хуманитарна трка со гумени Патки во Струга !!

Струга повторно плива во хуманост: Трка со пластични патки на 1 август оваа година, на 1-ви август, Струга ќе биде домаќин на хуманитарната...

Минчев: 40 проценти од Административците или ништо не работат или бараат начин да не дојдат на работа

40 проценти од административците или ништо не работат или бараат начин како да не дојдат на работа, открива министерот за јавна администрација Горан Минчев,...

Денеска сите патишта водат кон манастирот „Свети Наум“ во Охрид.

Денеска сите патишта водат кон манастирот „Свети Наум“ На 3 јули (по нов стил), македонскиот народ го празнува летниот празник на Свети Наум Охридски,...