22.9 C
Ohrid
петок, јуни 6, 2025
ПочетнаМакедонијаШилегов до Скопјани: Излезете на балконите и на улиците, за да ги...

Шилегов до Скопјани: Излезете на балконите и на улиците, за да ги поздравиме маратонците

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Денес по 17-ти пат на улиците на Скопје се одржува традиционалниот Виз Ер Скопски маратон, на кој ќе има околу 7000 учесници, од кои најголемиот дел се домашни спортисти.
Учесниците на маратонот, полумаратонот и штафетниот маратон – ЕУ за спорт тргнаа од стартот во 8 часот, а тркачите на 5 километри во 8:10 часот тргнаа од платото пред Спортскиот центар Борис Трајковски, каде што ќе биде и целта на овогодишниот маратон.

<

Градот Скопје обезбеди целосна логистичка и делумна финансиска помош на организаторите на маратонот. Службите и јавните претпријатија на Градот Скопје се ставија целосно на располагање на учесниците во маратонот, за непосредно пред почетокот на трката улиците да бидат чисти, безбедни и погодни за трчање.

-Развивањето на спортот и промоцијата на здравиот начин на живеење беше една од нашите заложби во изминатите 4 години. Маратонот Виз Ер, како важен дел од нашите активности, стана еден симбол на Скопје, кој од година в година станува сѐ подобар и попосетен, напиша градоначалникот Шилегов во објавата на Фејсбук.

Патеката по која учесниците трчаат ќе биде иста, како и претходната година, а дел од скопските улици во периодот од 7:30 до 14 часот ќе имаат привремен режим на сообраќај и промена на режимот на работа на линиите на Јавниот градски превоз.

-Денес, на овој голем спортски празник за градот, но и за нашата држава, имаме чест да го организираме 17-тиот по ред Скопски маратон, каде на наше големо задоволство, имаме можност да бидеме дел од еден Европски, па дури и светски настан. Ги повикувам сите скопјани да ни се придружат, да излезат на балконите и на улиците и да ги поздрават маратонците кои со своето присуство денес придонесуваат за развивање на оваа убава спортска приказна, пишува Шилегов.

Годинешниот Скопски маратон ќе се одржи со почитување на сите пропишани мерки и протоколи за заштита од Ковид 19.

Виз Ер Скопскиот Маратон е во организација на Сојузот на спортови на Скопје, во соработка со Атлетски Клуб „Работнички” од Скопје, под покровителство на Град Скопје, Делегацијата на ЕУ и Агенцијата за млади и спорт.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Костадинов: Нема да дозволам Муртино да биде заборавено, тоа не е политичка партија

Градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов на својот Фејсбук профил пишува дека нема да дозволи селото Муртино да биде заборавено. Обилните врнежи предизвикаа сериозни штети во...

Општина Кочани почнува со уривање на дивоградбите на трошок на газдите

Општина Кочани најави дека започнува со уривање на дивоградбите во градот, а трошоците планира да ги наплати од сопствениците на дивоизградените објекти. По трагедијата што...

Курбан Бајрам, најзначајниот празник во исламкиот верски календар по Рамазанскиот Бајрам

Муслиманите во Македонија и ширум светот денеска го слават Курбан Бајрам, најзначајниот празник во исламкиот верски календар по Рамазанскиот Бајрам (Фитр Бајрам). За да...

Данела до Елмази: Ќе ти објаснам уште еднаш ама читање до 4 одделение се учи

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, му одговори на Мухамед Елмази од Влен, дека Градот нема надлежност во Сарај. Мухамед Елмази бидејќи се закануваш, ајде...