22.9 C
Ohrid
недела, јули 20, 2025
ПочетнаМакедонијаОсми ден изборна кампања - на Филипче му текна да препорача посетителите...

Осми ден изборна кампања – на Филипче му текна да препорача посетителите да носеле маски, а политичарите не се пример за тоа

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Политичарот Венко Филипче не ги почитува ковид протоколите, ама министерот Филипче бара од политичарите да носат маски и да држат дистанца. Ниту политичарите, ниту граѓаните на митинзите не ги почитуваат мерките кои се донесени од истата Власт која организира вакви масовни собири, а во објектите каде се презентираат изборните програми, вработените не бараат вакцинални сертификати. Епидемиолозите секојдневно предупредуваат дека митинзите можат дополнително да ја разгорат пандемијата. Осми ден од изборната кампања, Филипче се сети да и даде препораки на јавноста, како да се однесува кога во исто време има пандемија но и се ближат избори.

<

„На митинзите добро е граѓаните да носат маски. Без разлика на тоа што нема официјална препорака. Јас ќе препорачам до сите партии, иако нема протоколи на отворен простор. Мора да го сочуваме здравјето на граѓаните“ – рече Филипче.

Јавноста алармира за двојни стандарди на Власта – која самата повикува на почитување на ковид протоколите, но веројатно не е добар пример за граѓаните. На митинзите, политичарите се прегрнуваат и стојат блиску еден до друг. Ниту тие што се обраќаат ниту партиските активисти кои стојат позади нив не носат маски, но и во публиката ретко може да се види некој кој носи маска. И покрај тоа што на сите видеа и слики јасно се гледа дека кандидатите и лидерите не носат маски, Премиерот Заев се правда и тврди дека граѓаните кои доаѓале самоиницијативно биле тие кои не држеле дистанца.

Целиот текст тука.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Вечерва e пронајдено безживотно тело близу познат хотел во Охрид.

Вечерва околу 19:50 часот службите за итна медицинска помош и екипи од Министерството за внатрешни работи (МВР) извршија увид на рампата што води кон хотелскиот...

Богојески: Не бев разрешен, дадов оставка, но уште сум директор

Ниту сум разрешен од директор на Националната агенција, ниту се шетам со државни пари, ниту е испратено писмо од ЕУ! Јас поднесов оставка од...

Мицкоски: Околу 1100 -1200 работници работат по целата траса на автопатот до Охрид

Во овие 8 месеци работат на потегот од Климештани до Охрид над 400 камиони, над 100 булдожери од различни типови се вклучени исто така...

Градоначалникот Пецаков и пратеникот Сашо Донев, на чествување на Св. Недела во село Плаќе.

Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, заедно со пратеникот Сашо Донев, секретарот на Општина Охрид Александар Китески и бројни верници, денес присуствуваа на одбележувањето на...