21.7 C
Ohrid
понеделник, јули 14, 2025
ПочетнаМакедонијаПописот ја искачи Македонија на чекор до врвот за најголема смртност од...

Пописот ја искачи Македонија на чекор до врвот за најголема смртност од КОВИД-19, повеќе од 10% граѓани биле заболени

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Со првичните пописни резултати, смртноста од Ковид во државата се искачи на 3.659 починати на милион жители, додека по старите податоци веб сајтот worldmeters Македонија имаше 3.218 починати на милион жители.

<

Со ова „пописно“ зголемување, Македонија која и онака високо котираше на табелата за смртност од Ковид (беше трета во светски рамки и втора во Европа) сега се искачи за уште едно место погоре и е на прво место на стариот континент (ја престигна БиХ која има 3.267 починати на милион жители).

На светско ниво, Перу останува на прво место со 5.946 починати на милион жители, а вкупно досега починале 199.485 Перуанци.

Со вкупно преброени 1.832.696 жители на пописот 2021-ва, државата сега има и поголем процент на заразени наместо досегашните 9,23% од популацијата. Сегашните 192.478 заболени, според новите податоци од пописот, всушност се 10,5% од популацијата. Така Македонија од досегашното 44-то место во светот според веб сајтот worldmeters, се пробива на 33-тата позиција по бројот на заболени на милион жители.

Веб сајтот worldmeters, за Македонија ги користеше податоците дека во државата има 2.083.267 граѓани.

Миомир Серафиновиќ Телма

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Мицкоски: Ако беше лесно сигурно немаше да бидеме избрани од народот ние. (ВИДЕО)

Премиерот Мицкоски објави видео од него и вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николовски од првата делница од долгоочекуваниот автопат Кичево – Охрид со...

Во 2027 година автопатот Кичево Охрид ќе биде целосно завршен и пуштен- За мецес дена ќе бидат пуштени уште 18км!!!

За околу месец и пол премиерот Христијан Мицкоски очекува во употреба да бидат пуштени уште 18 километри од автопатот Кичево- Охрид. Со нив и...

Голем пожар во Злокуќани: Зафатени шест куќи, 7 лица побарале лекарска помош!

Голем пожар избувна вчера вечер околу 20 часот во скопската населба Злокуќани, при што беа зафатени три куќи на улицата „Скупи“. Пожарот, кој првично започнал...

Жителите на Песочани, Ново Село, и Црвена Вода, прашуваат кога ќе се изградат пристапните патишта?

По вчерашното пуштање во употреба на дел од Автопатот Кичево-Охрид,делницата Врбјани-Ботун,по нивно барање денес остварив средба со група граѓани од населените места Песочани, Ново...