15.9 C
Ohrid
вторник, јули 1, 2025
ПочетнаСветМомчето од фотографијата која пред три години го обиколи светот, ја победи...

Момчето од фотографијата која пред три години го обиколи светот, ја победи леукемијата

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Пред три години мајката на Бекет објави трогателна фотографија од нејзината ќерка како го теши својот брат по хемотерапија. На четиригодишното момче во 2018 година му беше дијагностицирана акутна лимфобластна леукемија. Една година подоцна, неговата мајка, на социјалните мрежи сподели фотографија која го обиколи светот. На фотографијата тогаш 4-годишниот Бекет го теши една година постарата сестричка додека тој повраќа како последица на хемотерапијата.

<

„Нејзиниот темпераментен брат наеднаш стана уморен“ – сподели тогаш мајката Кејтлин.

„Некому ова ќе му биде мачно ова да го чита и гледа. Моите две деца со разлика од само 15 месеци, од заедничко играње во градинка дојдоа до заеднично седење во болничката студена соба. Мојата ќерка тогаш гледаше како братчето го селат од итна на интензивна нега. Гледаше десетици пациенти како ги бодат со игли и сонди и ги пумпаат со лекови. Не беше сигурна што се случува, само знаеше дека нешто не е во ред со нејзиниот брат, нејзиниот најдобар пријател.“ – порача мајката.

Но, долгата битка беше победоносна.

Бекет кој повеќе од половина од својот живот се бореше против ракот ја издржа последната тура од хемотерапијата, а последните испитувања покажаа дека ракот е готов.

„Мој војник мој победник. Влезе неговиот онколог и рече „Нема повеќе хемотерапии – готови сме. Се откачивме од се. Бекет беше шокиран. Лицето му блесна, колку беше тоа горчливо сладок момент“, сподели мајката.

Кејтлин сега објави дека Бекет се вратил на училиште откако минатата недела заѕвонил на ѕвончето на онкологија по последната негова хемотерапија.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Армиските „Хермелини“ и „БТР“ оклопните возила стануваат противпожарни

Во фабрика во близина на Кавадарци, се одвива интензивна пренамена на воени оклопни возила во противпожарни машини, во пресрет на сезоната на шумски пожари....

Во пожар кај Кочани изгореа автобуси на плац

Според видеото кое се појави на дел од медиумите, синоќа избувна пожар на плац на излезот на Кочани, веднаш до бензинската пумпа „Авто Петрол”...

Менди Ќура официјално независен кандидат за градоначалник на Струга

Независниот кандидат за градоначалник на Струга г. Менди Ќура ја објави својата кандидатура. Со понижност и длабоко чувство на одговорност, денес стојам пред вас за...

Ексклузивна фотографии од опожарениот глисер кај каналот Студенчишта во Охрид.

  До нашата редакција пристигна ексклузивна фотографија од глисерот кој денес попладне се запали во близина на каналот Студенчишта во Охрид. Инцидентот се случил пред неколку...