21.9 C
Ohrid
вторник, август 5, 2025
ПочетнаМакедонијаПрофесорот Трајковски, во врска со пожарот: Никогаш не купувајте продолжни кабли од...

Професорот Трајковски, во врска со пожарот: Никогаш не купувајте продолжни кабли од пазар.

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Професорот Дејан Трајковски се огласи со свој став во однос на официјалниот извештај за пожарот во модуларната болница во Тетово кој се случи на 8.септември вечерта.

<

-Во извештајот за пожарот во модуларната болница во Тетово се вели: „Со вештачењето се утврдува дека пожарот настанал како последица од ЕЛЕКТРИЧНА КУСА ВРСКА преку ВИСОК ПРЕОДЕН ОТПОР во приклучниот кабел на дефибрилатор со кој се вршела реанимација на пациент во една од болничките соби. Прегревањето на кабелот предизвикало палење во приклучната кутија од продолжителниот кабел на кој бил приклучен дефибрилаторот, полнач за мобилен телефон и уште еден апарат“.

Инаку, куса врска (нула ома) и висок преоден отпор (многу оми) се поими кои взаемно се исклучуваат. Можеби се мисли дека имало висок преоден отпор во контактот помеѓу утикачот и утичницата, поради што се запалила изолацијата на спроводниците во утикачот или утичницата, па тоа предизвикало куса врска и понатаму палење на кабелот. Всушност, ако настанала куса врска поверојатно е да се запалила инсталацијата во ПУР пената од ѕидот. Но, тоа е многу малку веројатно, затоа што осигурачите би исклучиле моментално, под услов да биле исправни. Можно е продолжниот кабел да бил неисправен (на пазар се продаваат неквалитетни турски продолжни кабли со тенки спроводници и лоши контакти), но прегревањето настапува постепено, сигурно утикачот бил топол на допир и морало да се почувствува мирис на изгорен бакелит, пред да се запали, смета проф. Трајковски.

Тој вели дека во секој случај доколку продолжниот кабел бил исправен (изработен според стандарди), електричната инсталација во ѕидот била исто така според стандарди, а осигурачите исправни, немало шанси да се случи запалување на кабелот, дури дефибрилаторот да бил неисправен и да повлекол премногу струја.

-Високи преодни отпори не можат да се појават во исправен продолжен кабел. Заклучок: никогаш не купувајте евтини продолжни кабли од пазар. Независно од причината за палењето, доколку ѕидовите не биле од ПУР пена, туку биле почитувани препораките на Здружениот истражувачки центар (Joint Research Center – JRC) на Европската комисија (EC), според кои ковид-болниците со висока концентрација на кислород треба да се градат според стандардите за хемиски фабрики, немало да дојде до ширење на пожарот. Несереќен сплет на околности, но истовремено опомена дека истото може да се повтори во преостанатите модуларни болници со ѕидови и тавани од ПУР пена. Проблемот останува и катастрофата само чека повторно да се случи, заклучува тој.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Шлепер излета од коловозот меѓу селата Требеништа и Мешеишта

Шлепер излета од коловозот меѓу Требеништа и Мешеишта Попладнево, на делницата меѓу селата Требеништа и Мешеишта, од трасата што се гради како дел од автопатот...

Опелото за Душко Чифлиганец ќе се одржи утре во храмот „Св. Јован Крстител“ во Аеродром.

Опелото за прерано починатиот Душко Чифлиганец ќе се одржи во среда, на 6 август 2025 година, во 14:00 часот, во православниот храм „Св. Јован...

35 годишниот Д.С. кој синоќа уби човек во Бардовци, е момчето кое во 2012 ја згрози Македонија со убиството на мајка си !!

На 05.08.2025 во 01:38 часот во СВР Скопје било пријавено дека околу 00.50 часот во Јавната здравствена установа „Психијатриска болница Скопје “ во Бардовци,...

Трагична тепачка ноќеска во Психијатриската болница Бардовци – Осуден убиец усмрти друго лице

Министерството за внатрешни работи информираше дека ноќеска по тепачка меѓу две лица во Психијатриската болница Бардовци, едно од нив починало во болница, по повреди...