28.9 C
Ohrid
четврток, август 14, 2025
ПочетнаМакедонијаГувернерката Бежоска контра Заев, најавува дека ќе ја качува инфлацијата

Гувернерката Бежоска контра Заев, најавува дека ќе ја качува инфлацијата

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Набргу ќе има нагорна ревизија на предвидената стапка на инфлацијата за земјава од страна на Народната банка и тоа по вторпат годинава. Ова во изјава дадена за Фактор го потврди гувернерката на Народната банка Анита Ангеловска-Бежоска, откако Стопанската комора предупреди на вртоглав раст на цените до крајот на годината и побара помош од креаторите на политките.

<

„На почетокот на ноември, кога се очекува да ги финализираме макроекономските проекции, ќе излеземе со нова проценка за инфлацијата за оваа година, но извесно е дека таа бројка ќе биде умерено повисока од 2,2 отсто“, најавува гувернерката.

Инаку, првичната планирана стапка на инфлација за годинава изнесуваше 1,5%, а сега најверојатно ќе достигне двојно од првичната проекција. Сепак, гувернерката во изјавата вели дека ситуацијата не е алармантна и дека оваа година во глобални рамки и се очекувало зголемување на цените, и на храната и на енергенсите, со оглед што тие паѓаа минатата година, па сега е практично многу пониска споредбената основа.

Европските медиуми наголемо пишуваат за енергетска криза во Европа и вртоглавиот раст на цените на електричната енергија и гасот. Цената на електричната енергија на берзите е зголемена за преку 200%, како и неколкукратно зголемување на цената на природниот гас.

Претседателот на Стопанската комора Бранко Азески испрати апел до Владата дека преработувачката индустрија е пред колапс и дека ако не интервенира Владата цените на производите ќе скокнат и до вртоглави 50%.

Премиерот пак рече дека не очекува раст на цените, затоа што струјата не учествува многу во крајната цена на производите.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Полицијата поднесе пријава за лицето кое влечеше куче со возило

Поднесена пријава за лицето кое влечеше куче со возило На 13.08.2025 во 14:45 часот во ОВР Крива Паланка бил извршен службен разговор со З.М. (59)...

Од денес е во функција новата клучка што ги поврзува Охрид и Струга, како и Македонија и Албанија.

Се пушта во употреба клучката Подмоље, клучка која ги спојувува Охрид и Струга, но и Албанија и Македонија, а интензивно се работи и на...

Пожарникари од Крива Паланка спасиле куче влечено од автомобил, па фрлено во речно корито.

По добиена дојава за фрлено куче во бездна со тим од двајца пожарникари излеговме на лице место и пристапивме со негово извлекување и предавање...

Четиригодишно дете од Куманово се затруло со детергент.

Уште еден случај на затруено дете во Куманово, евидентира кумановската полиција. Станува збор за четиригодишно дете, случајот во полицијата го пријавиле од кумановската болница. –...