18.9 C
Ohrid
сабота, јули 26, 2025
ПочетнаМакедонијаЗаев: Од 1 јануари идната година просечната плата ќе биде 500, а...

Заев: Од 1 јануари идната година просечната плата ќе биде 500, а минималната 300 евра

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Од 1 јануари 2022 година, просечната плата ќе биде 500 евра, а минималната плата 300 евра, најави денеска од Свети Николе претседателот на СДСМ Зоран Заев.
– Земјоделците ни се важни, ги алоциравме субвенциите и секој пат кога е потребно дополнително интервенираме од буџетот, работниците ни се важни, ги покачивме платите и ги мотивиравме компаниите да ги зголемуваат платите, а државата ги плаќа придонесите. Минималната плата е покачена од 9.000 на 15.000 денари, просечната плата изнесува 28.744 денари, сите плати за само четири години се покачени за најмалку 100 евра, а истовремено стапката на невработеност падна на историски најниска стапка од 15,9 отсто, рече Заев.
Додаде дека посветено се работи лицата со попреченост да имаат и услови за функционирање, да бидат вградени во општеството и да заработуваат сами, исто така и за семејствата во социјален ризик – да примаат социјална помош со којашто ќе можат да функционираат, до моментот кога ќе се извлечат од сиромаштијата.
– Работиме да се отворат нови бизниси, да ги поддржиме постоечките бизниси да се развијат, работиме да донесеме нови инвестиции, да овозможиме постоечките инвестиции да се развијат, порача Заев, додавајќи дека 605 компании, претежно на млади луѓе се поддржани со ФИТР со 85 милиони евра за развој сопствени бизниси.
Заев порача дека Свети Николе прераснува во најпривлечна дестинација за инвестиции во „зелена“ енергија.
– Овде веќе имаме потврдено и со одобрение за градба, инвестиција за ветерници од 36 мегавати инвестиција вредна преку 50 милиони евра. Прогласивме стратешка инвестиција од компанијата ЕФТ, фотонапонска централа од над 80 мегавати, проект вреден 60 милиони евра, а само со градоначалникот разговараат инвеститори за инвестиции од над 50 милиони евра. Свети Николе ќе ја брендираме како „зелена“ и еколошка општина, со тоа што ќе носи и приходи и нови добро платени работни места. Преку Интервентниот план за инвестиции, инвестициите ги пренасочуваме кон општините. Целта ни е да донесеме нови работни места и рамномерен регионален развој, порача Заев.
Тој ги повика граѓаните на 17 октомври да дадат поддршка за број 12 за кандидатот Сашо Велковски и советничката листа на СДСМ и Коалицијата, затоа што, како што рече, тие се гарант дека напредокот на Свети Николе ќе продолжи и во следните четири години.
– За следните четири години заедно со локалната власт ќе обезбедиме чиста вода за Свети Николе преку комплетна реконструкција на филтер-станицата со воведување нова современа технологија како и проширување на капацитетот на филтер-станицата со можност за преработка на големи количини вода до 100 литри во секунди. Децениското барање на младите ќе го оствариме – ќе биде изграден Спортско-рекреативен комплекс. Тоа стана можно благодарение на домаќинското работење и добрата финансиска ситуација. Обезбедени се сите услови за довршување на градбата на затворен градски базен. Ќе изградиме нов модерен градски парк, со пешачки патеки, трим-патека, фитнес-зона, мултифункционално спортско игралиште, со урбана опрема и осветлување и хортикултурно уредување, наменет за сите граѓани. Ете што значи „Најдоброто“, затоа на 17 октомври да гласаме за бројот 12 за Сашо Велковски и советничката листа на СДСМ и Коалицијата, посочи Заев.

<
spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

“Полека но сигурно, Грција станува наша”-За 5 години Македонците купиле станови во Грција за над 50 милиони евра.

Грција секоја година станува сè попривлечна за инвестирање во недвижности, а според износот Македонија е на 25-то место меѓу државите во светот чии жители...

Египќаните фрлаат шишиња со храна во морето за да стигне до Газа

Како дел од иницијативата, Египќаните полнат шишиња од еден и два литри со житарки, ориз, леќа и друга сува храна, пред да ги стават...

Грета Тунберг го посети градот Тетово

Во текот на посетата, шведската климатска активистка Грета Тунберг, заедно со претставници од Општествено-културниот центар Тетово, ја посети и новата просторија во која центарот...

Охридското езеро одзеде уште еден човечки живот.

На 24.07.2025 во 12.15 часот во ОВР Струга било пријавено дека во водите на Охридското езеро на струшкото крајбрежје било забележано безживотно тело на...