15.4 C
Ohrid
сабота, октомври 12, 2024
ПочетнаМакедонијаЧичко Јордан од Велес донирал над 83 литри крв за да спаси...

Чичко Јордан од Велес донирал над 83 литри крв за да спаси стотици животи.

За да почнете да донирате крв, освен хуманост, ви треба и храброст. Мене не ми недостигаше затоа што бев млад.

Велешанецот Јордан Коларов најдобро знае што значи да се помогне некому кога му е најтешко, а притоа да не праша за кого треба и колку треба, важно е да се помогне. Со 186 дарувани единици крв, 68-годишниот Јордан е балкански рекордер во крводарителство, односно тој донирал над 83 литри крв до неговата 65. година од животот.

Чичко Данчо, како што милуваат да го поздравуваат велешани на улица, три години подоцна од последното дарување ужива во пензионерскиот живот задоволен што спасил стотина животи во Македонија донирајќи ја својата крвна група 0 +.
Жали што не можел да постави уште некој рекорд, но законот за дарување крв вели дека кај нас мажите донираат еднаш на три месеци, а жените еднаш на четири месеци.

– Донирав од мојата 18-годишна возраст до 65 години, колку што е законски дозволено кај нас за крводарувањето. Сакав да стигнам до 190 дарувања. Но ми се појавија здравствени проблеми и урологот ми рече да прекинам. Можев да срушам уште некој рекорд доколку имавме исто правило како во Бугарија, на пример. Таму мажите можат да даруваат на секои два месеца, а жените на секои три месеци. Ако беше овој закон кај нас, ќе дарував уште 60-ина крвни единици, што ќе значеше дека ќе спасев уште десетици животи – рече Коларов.

Најуспешниот крводарител на Балканот првпат донирал крв во далечната 1971 година кога учел средно училиште во Гостивар.

– За да почнете да донирате крв, освен хуманост, ви треба и храброст. Мене не ми недостигаше затоа што бев млад. Се сеќавам дека се случи голема сообраќајна несреќа во Маврово. Група лекари дојдоа на училиште и побараа крвни единици за настраданите. Нивниот говор за хуманоста и за тоа што ќе значи моето дарување силно ме мотивира и решив да донирам првпат – откри велешкиот крводарител.
Колку што има донирано крвни единици, уште најмалку толку луѓе убедил да бидат редовни крводарители како него. Дарувањето во семејството Коларови станало долгогодишна традиција, а Јордан мотивирал околу 50 негови блиски и далечни роднини да му се приклучат во хуманитарното движење.

– Јас го поминав работниот век во велешката топилница. Благодарение на мојот пристап, го убедив цел погон за изработка на сребрен накит, од кој 99% беа жени, да даруваат крв. Тоа е само една од акциите што сум ги организирал во работни организации. А акциите со Црвениот крст не можам ниту да ги избројам – раскажа најуспешниот крводарител.
Чичко Данчо раскажа еден несекојдневен настан кој се случил пред 40 години кога со своето друштво седел до доцна во кафеана, а следното утро требало да даруваат крв.

– Требаше да донираме во 8 часот наутро и бевме спиени само три часа. Дадовме крв и заминавме на теренска работа во Неготино. По некое време ни се јави докторот од болницата во Велес да нѐ праша што сме правеле претходната ноќ затоа што пациентот што ја примил нашата крв, кога се разбудил, побарал од лекарот да му донесе „една салата со мастика“. Можеби му се причинило дека тој е келнер поради белиот мантил – се пошегува чичко Данчо.
А бидејќи лекарите се првите лица што пациентите ги гледаат кога ќе се разбудат по тешка траума или операција, најголемите заслуги за хуманоста одат кај медицинскиот персонал, а не кај донаторите.

Во богатата колекција на признанија на Јордан Коларов му недостига само уште едно „благодарам“ од кој било од пациентите што ја примиле неговата крв.

– Поради специфичноста на дарувањето, ниту еднаш ниту еден пациент не ми рекол благодарам“. или на другите крводарители. Можеби звучи чудно или себично, но криво ми е затоа што тоа ќе ми беше најголемата награда во животот. Сите тие им се заблагодаруваат на лекарите затоа што тие се со нив во болницата, но не и нам иако знаеме дека сме спасиле нечиј живот – вели тој.


За повеќе детали,Тука
Факултети

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

По повод 11 Октомври, 1200 ученици од Прилеп го формираа македонското знаме!

На плоштадот „Матодија Андонов Ченто“ во Прилеп, околу 1200 основци и средношколци денес го формираа македонското знаме во чест на националниот празник „11 Октомври“.

„Трајан Целески – ТАЧО“ е името на новото повеќенаменско игралиште во населба Видобишта.

„Трајан Целески - ТАЧО“ е името на новото повеќенаменско игралиште во населба Видобишта. Вечерва свечено го отворивме ова повеќенаменско игралиште кое го носи името на...

Денес, во очи на 11 Октомври, Охрид и Македонија го одбележуваат празникот на македонскиот непокор.

Денес, во очи на 11 Најзначајниот период во милениумското битисување на Македонскиот народ е неговото учество во четиригодишната народно-ослободителна епопеја во Втората светска војна,...

Македонија стана нова членка на Советот за човекови права на ОН

Со 168 гласа „за“, Македонија денеска стана нова членка на Советот за човекови права на Обединетите Нации за периодот 2025-2027, на изборот што се...