15.9 C
Ohrid
недела, јуни 1, 2025
ПочетнаМакедонијаКоја е скопјанката која во 2020 година заработувала по 20 илјади евра...

Која е скопјанката која во 2020 година заработувала по 20 илјади евра дневно?

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Приматот најбогат граѓанин по основ на исплатен и оданочен доход од Битола се сели во Скопје. За 2020- та тоа е жена и двојно е побогата од ланскиот носител на титулата. Заработувала по 613 илјади евра месечно, односно околу 20.000 евра дневно, или годината ја завршила со над 7 милиони евра доход.

<

Стружанец во 2020-тата примал месечна бруто плата од 142 илјади евра во индустријата со метали.

Ланската година тетовчанец од игри на среќа стекнал 650 илајди евра, а според податоците на УЈП најдобро се заработувало и со одгледување добиток, фармација, адвокатура, угостителство.

Највозрасниот милионер е 96 годишен пензионер, а најмладиот има сега само 8 години, издава простории и прибира закупнина, а високо на листата на милионери се и оние кои пријавиле дивиденда.

Зад листата со околу 4.400 успешни и богати милионери статистиката на УЈП открива дека безмалку 80.000 илјади граѓани месецот го поминувале со 4.000 денари во просек, нивните посиромашни соседи или 34 илјади Македонци заработувале само 800 денари во еден месец.

Останатото работно население кое брои 656.000 работници е во категоријата од 100.000 до 1 милион денари годишни примања, или околу 20 илјади денари нето плата, но огромен е и бројот на граѓани кои воопшто не зеле плата за овој месец оваа година.

Во 2020-та година граѓаните оствариле бруто приход од 5 милијарди евра а државата преку даноци се офајдила со над 300 милиони евра. Во однос на 2018 и 2019-та година продолжува трендот на намалување на богатите а бројот на милионери со остварени над 100 милиони денари доход изнесува само 11 за изминатата 2020-та година.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Почина младиот Дарко Јованов, имаше само 29 години

Пријателите и роднините се простуваат од младиот Дарко Јованов, чиј живот за жал згасна прерано. Дарко Јованов беше 29 годишно момче oд радовишкото село Воиславци,...

Добри вести за земјоделците: Албрим Хоџа ќе биде заменик-министер за земјоделство.

Албрим Хоџа, член на претседателството на Алијансата за Албанците (АА), која и понатаму останува дел од коалицијата ВЛЕН, се очекува да биде новиот заменик-министер...

Кран се сруши денеска околу 14 часот во Битола

Градежен кран паднал над објект во стaрата касарна во Битола, информираат за АПЛА граѓани кои биле очевидци. Кранот според фотографиите што ни ги испратија...

Лишен од слобода прилепчанец поради криумчарење на тутун

Лишен од слобода прилепчанец поради криумчарење на тутун и текстил На 30.05.2025 полициски службеници од ОВР Демир Хисар, по претходно добиени оперативни сознанија, на...