27.9 C
Ohrid
недела, јули 20, 2025
ПочетнаМакедонијаЗаев во Радовиш: Гасификацијата стана реалност, ќе ја завршиме заедно со граѓаните

Заев во Радовиш: Гасификацијата стана реалност, ќе ја завршиме заедно со граѓаните

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Носев крупни одлуки кои се препознаени и дома и во целиот свет, имавме признание од сите земји, дома бевме македонци, а секаде бевме ФИРОМ, пријатели сме со сите соседи имаме лична карта во ОН, каде пишува македонци и македонски јазик, денеска сме членка на НАТО, денеска имаме имотен лист и некој може да сонува дека во земјава може да има конфликт и војна, рече премиерот и претседател на СДСМ, Зоран Заев на митингот во Радовиш.

<

-Ние не сме имале аспирации да освојуваме држави и територии и секаде каде патувам во светот, покажува дека имаме огромни пријатели, минатата година имавме одлука за почеток на преговорите со ЕУ, се надевам дека до Нова година ќе ја имаме и првата конференција, но нема напредок ако дома се караме и со соседите , 30 години политичарите велеа, НАТО, ЕУ и обратно, еве сега имаме, спроведовме и успешен попис, за да знаеме каде треба водовод, каде патишта, каде градинки за да има ефект каде ги трошиме парите на граѓани и не е важно колку националности сме туку колку луѓе не има. Се учи ли во Радовиш и Струмица албански јазик, рече тој.

Заев потсети дека пораснаа и платите, а од следната година и минималната плата ќе порасне на 18.200.

– Платите пораснаа за 6000 денари, пензиите пораснаа за 2000 денари и тоа не е многу но дупката во фондот се среди и сега од ноември и декември пензијата ќе расте согласно растот на плосечната плата. За 300 посто порасна социјланата помош, платите на вработените во здравството пораснаа за над 30 посто, пораснаа платите на полицијата, армијата, наставниците, 7.000 проекти направивме на ниво на државата, 100 милионми евра директни инвестивии, струјата не ја покачивме иако на светски берзи е 5 пати повисока, но инвестираме во економијата оти ни е кревка, рече тој.

Заев рече дека Владата на Северна Македонија инвестира во нашиот народ, не инвестира во споменици, златни огради или лева рака десен џеб.

-Мицкоски за тебе ќе гласаат спомениците и врбите, за нас нашиот народ, Никој од нас сам за себе не е ништо, без централната власт ниту ќе се раздолжеа општините ниту ќе ги имавме проектите во Радовиш, во време на најсериозните државни прашања, пандемија иневстиравме во цела источна Македонија, Радовиш е поврзан со Скопје со целосна инфраструктура, гасификацијата е при крај. Следната година ќе има финасиски и фискални промени, тоа се стоци милиони евра само за Радовиш, потоа институционална децнрализација, здравствените домови и различни институции ќе паднат подвладение на општината.Покажавме колку сме различни од нив, 12 години не покажаа резултат, рече тој.

Заев посочи дека земјава има одлична географска положба тоа треба да го искористиме и да го сплотиме, но граѓаните одбираат.

-Гасификацијата заедно ќе ја направиме во Радовиш, улиците и водоводните мрежи, две детски градинки, културен центар, а сите проекти имаат поддршка од централната власт, рече Заев.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Градоначалникот Пецаков и пратеникот Сашо Донев, на чествување на Св. Недела во село Плаќе.

Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, заедно со пратеникот Сашо Донев, секретарот на Општина Охрид Александар Китески и бројни верници, денес присуствуваа на одбележувањето на...

Денеска се празнува Светата великомаченичка Недела

Во времето на христоборните цареви Диоклецијан и Максимијан во Анадолија живееја две побожни стари души, Доротеј и Евсевија. Беа побожни христијани, богати, но и...

Пендаровски за Лајм ТВ: Мислам дека Милошевиќ стои зад атентатот врз Глигоров

Поранешниот претседател Стево Пендаровски, во ново интервју за Лајм ТВ, зборуваше за актуелната политичка состојба во Македонија. Во интервјуто, Пендаровски изјави дека и по толку...

Од утре низ охридските улици ќе има полициски службеници од Србија.

Полициски службеници на Министерството за внатрешни работи на Србија од утре заедно со нивни колеги од македонското МВР ќе патролираат низ улиците на Охрид. Станува...