5.9 C
Ohrid
недела, декември 22, 2024
ПочетнаМакедонијаНова населба за млади брачни парови и изградба на социјални станови ветува...

Нова населба за млади брачни парови и изградба на социјални станови ветува ВМРО-ДПМНЕ за Охрид

spot_img

Нова населба за млади брачни парови и изградба на социјални станови ветува ВМРО-ДПМНЕ за Охрид
Охрид
08/10/202150
Охрид, старото градско јадро и околните населби мора да се развиваат, но урбанизацијата мора да ги следи позитивните законски прописи, односно урбанизацијата мора да се спроведува на начин што нема да ги доведе во прашање заштитата на неговата архитектонска препознатливост и посебност признаени од УНЕСКО. Во насока на правилна урбанизација се обврзуваме и гарантираме спроведување на следните проекти:

ИЗМЕНА И ДОПОЛНУВАЊЕ НА СИТЕ ДЕТАЛНИ УРБАНИСТИЧКИ ПЛАНОВИ И ДОНЕСУВАЊЕ НОВИ ЗА СИТЕ НАСЕЛЕНИ МЕСТА КАДЕ ШТО ДО СЕГА НЕМА ПЛАНСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА.

ДОНЕСУВАЊЕ УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН ЗА НОВА НАСЕЛБА НАМЕНЕТА ЗА МЛАДИ БРАЧНИ ПАРОВИ, ВО КОЈА ЌЕ ИМА ПАРЦЕЛИ СО ПОДОСТАПНИ УСЛОВИ – проектот е во насока на стопирање на иселувањето од Охрид, преку креирање подобри услови за живот на младите брачни парови.

РЕШАВАЊЕ НА ПРЕДМЕТИТЕ ЗА БЕСПРАВНО ИЗГРАДЕНИ ОБЈЕКТИ ПОДНЕСЕНИ ВО 2011, 2015 и 2016 ГОДИНА.

ИЗРАБОТКА НА СООБРАЌАЈНА СТУДИЈА ЗА ЗАШТИТЕНОТО ГРАДСКО ЈАДРО И СООБРАЌАЈНА СТУДИЈА ЗА ЛЕТЕН РЕЖИМ НА СООБРАЌАЈ.

ИЗГРАДБА НА ЈАВНИ ТОАЛЕТИ НА ПОВЕЌЕ ЛОКАЦИИ ВО ЦЕНТРАЛНОТО ГРАДСКО ПОДРАЧЈЕ.

ОТСТРАНУВАЊЕ НА ПОСТОЕЧКИТЕ СВЕТЛЕЧКИ РЕКЛАМИ ВО СТАРИОТ ДЕЛ НА ГРАДОТ И ВОВЕДУВАЊЕ НОВИ УНИФИЦИРАНИ.

ИДЕЈНО И ИНТЕГРАЛНО УРЕДУВАЊЕ НА ПРОСТОРОТ КАЈ КАСАРНАТА.

ИЗГРАДБА НА СОЦИЈАЛНИ СТАНОВИ НА ПОТЕГОТ КАЈ КАСАРНАТА.

ИЗРАБОТКА НА ПРОГРАМА ЗА УРБАНА ОПРЕМА.

УРЕДУВАЊЕ НА БУЛЕВАР „СВЕТИ НАУМ ОХРИДСКИ“ – УРЕДУВАЊЕ НА ЗЕЛЕНАТА ЗОНА НА БУЛЕВАРОТ.

ИЗГРАДБА НА КОНГРЕСЕН ЦЕНТАР за развој на конгресниот туризам како и можност за целогодишен туризам, а со тоа и зголемен број на ноќевања и туристи во градот. воопшто, унапредување на туристичкиот развој.

ИЗГРАДБА НА ПОВЕЌЕ ВИДИКОВЦИ НА ТЕРИТОРИЈАТА НА ОПШТИНА ОХРИД.

Заокружи 7 за Промени, Проекти, Победи!

7 за Д-р Кирил Пецаков и ново советничко мнозинство од ВМРО-ДПМНЕ и коалиција за „Обнова на Македонија“, истакна на денешната прес-конференција Перчо Божиновски, кандидат за член на Советот на Општина Охрид.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

„Петардите не се играчка“, превентивна активност на СВР Охрид

„Петардите не се играчка“, превентивна активност на СВР Охрид Вчера (21.12.2024 ) полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Охрид и волонтерите од Црвениот...

Нема вина кај сопствениците чие куче усмрти дете во Пинтија, утврди истрагата

Затворена е постапката за сопствениците на кучето кое во април минатата година усмрти осум годишно дете. Обвинитествлтвото преземало низа дејствија за да утврди вина...

Две колешки од велешка пошта се степале на работа

Две колешки од велешка пошта се степале на работа Две вработени од велешката пошта се степале вчера додека биле на работа, соопшти полицијата. Инцидентот го...

Претреси во Тетово, пронајдени над 75.000 парчиња пиротехника.

Полициски службеници од СВР Тетово со судска наредба денеска во периодот од 9:30 до 14:20 часот извршиле претреси на повеќе локации во Тетово и...