30.9 C
Ohrid
среда, август 13, 2025
ПочетнаМакедонијаАвстрискиот канцелар Курц си поднесе оставка.

Австрискиот канцелар Курц си поднесе оставка.

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Австрискиот канцелар Себастијан Курц објави дека се повлекува од функцијата, неколку дена откако против него беше покрената истрага за корупција. Во изјава до медиумите, Курц кажа дека го предлага актуелниот министер за надворешни работи Александер Шаленберг за свој наследник.

<

Курц планира да остане не чело на Народната партија на Австрија и да стане нејзин лидер во парламентот.

Во средата, обвинителите кажаа дека Курц се наоѓа под истрага поради тврдењата дека владини пари биле користени во коруптивна зделка за да се обезбеди позитивно известување во еден таблоиден весник, при што бил извршен претрес и во неговото седиште. Курц ги нарече обвинувањата неосновани..Обвинувањата датираат од периодот меѓу 2016 и 2018 година, кога, како што кажаа обвинителите, средства на министерството за финансии биле користени за финансирање на делумно манипулирани анкети за јавно мислење, што служело исклучиво за интересите на една политичка партија. Ова се совпаѓа со периодот кога Курц го презема водството на Народната партија и потоа формира коалициска влада.

Тој стана најмладиот демократски избран лидер на светот кога ја предводеше Народната партија до победа на изборите во 2017, кога имаше само 31 година. Сдк.Мк

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Не сум исчезната, премажена сум: Пресврт во случајот со исчезнатата жена од неготинско Војшанци

Јас сум жива и здрава, не сум исчезната, туку се премажив, со овие зборови до нашата редакција се обрати жена која тврди дека е...

Македонец осуден на осум години затвор во Бугарија и казна од 50.000 лева

Бугарските медиуми денеска известуваат дека Окружното обвинителство во Ќустендил спроведе судски акт кој стапи на сила, со кој 34-годишниот Г.Н., државјанин на Северна Македонија,...

Охриѓанец со ЈУГО киднапирал 60-годишна жена.

На 12.08.2025 во 22:05 часот во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода З.Ј.(59) од Охрид, постапувајќи по претходна пријава дека...

Свечена владина седница по повод 24 години од Охридскиот рамковен договор

Владата денеска ќе одржи свечена седница на која ќе бидат одбележани 24 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор. На седницата, како што најави владината...