14.9 C
Ohrid
сабота, јули 27, 2024
ПочетнаМакедонијаРоднина на Пале од Велес која е обвинета за убиство: Морав да...

Роднина на Пале од Велес која е обвинета за убиство: Морав да ја кажам вистината, оти душата ќе ми препукне

Веста за убиството на полицаецот одекна во целата земја, а набргу потоа се објавија и детали од насилното минато на Александар, кој во два наврати, за две кривични дела бил условно осуден во Основниот суд во Велес. Роднината на Пале раскажува дека сите се потресени и се уште не можат да се смират, но сакаат јавноста да ја дознае вистинската слика. Појаснува дека по настанот, Пале била таа која што повикала итна помош, се присетува на тешкиот живот на својата роднина, но кажува и дека жали што роднините не успеале на време да сфатат што се случувало во домот на Пале.

Таа имаше тешко детство, нејзиниот татко беше алкохоличар. Се разведе од мајка и, која е болна, има склероза и е во постела веќе подолг период. На почеток, Пале и нејзината сестра близначка, живееа со мајка им, а потоа, кога уште малолетна, таа го запозна Александар, со него замина во куќата на татко и. Таму и се случи настанот, во таа куќа, каде тие останаа да живеат и по смртта на татко и. Уште на почеток на нејзината врска со Александар, кој зад себе имаше неколку бракови и деца, јасно ни беше на сите дека Пале во него барала поддршка, заштита, ете направила погрешна проценка. Татко и дури и го пријави случајот, бидејќи се работеше за малолетно девојче и возрасен маж, тие беа повикани на разговор, каде Пале изјавила дека е со него доброволно, и тој продолжи да живее со неа-појаснува роднината.

-Сега сфаќаме многу работи. Пцуењето и навредите и беа дел од животот, верувам дека соседите тоа ќе го потврдат. Но, најмногу жалиме што не успеавме да сфатиме на време дека таа трпела и физичко малтретирање, и целото време си молчела и собирала во себе. Најверојтано, се плашела да побара помош, немаше каде да се обрати, каде да оди, а тоа што тој беше полицаец, најверојатно било причина таа да се плаши да го пријави во полиција, кај неговите колеги. Инаку, Пале работеше во германската фабрика Дрекслермајер во Кавадарци, и дознавме дека често отсуствувала од работа. Наша претпоставка е дека барала слободни денови во тие периоди кога трпела физичко насилство, бидејќи се срамела да се појави во јавност со модрици. Беше многу вредна, постојано нешто работеше дома, на работа беше добар работник, дури и кога на гости и доаѓаа децата на Александар, од бракот со поранешната сопруга која живее во Австрија, а кои се речиси врсници со Пале, таа премногу се трудеше околу нив. За тоа, дека е многу вредна и трудољубива, сите секогаш ја задевавме – вели роднината.

Целото сведошство на ФОКУС.

spot_imgspot_img
spot_imgspot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Кавадарчанец украл коњи кои требале да учествуваат на „Илиденски марш“

Министерството за внатрешни работи информираше дека вечера во 08.20 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода И.В.(44) од Кавадарци. Кај него бил...

Парите се запленети: Македонски граѓани сакал да внесе скоро 7.000 евра

Царинските службеници од граничниот премин Табановце спречиле обид за нелегално изнесување 6.800 евра од патник кој не пријавил дека носи поголема сума девизи. - Лицето...

Три девојки синоќа барале помош од ЦУК, наишле на диви свињи на Водно

Три девокји синоќа околу 23 часот безбедно биле евакуирани откако на симнување од врвот на Водно имале средба со диви свињи. Тие на бројот...

Почина бебе во Богданци – телото дадено на обдукција

Вчера во 09.10 часот во СВР Струмица, лекар од Итна медицинска помош Гевгелија пријавил дека во Богданци починало машко бебе. Според надлежните, бебето од раѓање...