-0.1 C
Ohrid
четврток, март 20, 2025
ПочетнаМакедонијаИнтервју со Пецаков: Ќе направиме реконструкција на плоштадот Крушевска република, велосипедска патека...

Интервју со Пецаков: Ќе направиме реконструкција на плоштадот Крушевска република, велосипедска патека Охрид – Свети Стефан, реконструкција на булеварот Македонски просветители

spot_img

Колку проекти се планирани за вашата општина?

<

Нашата визија за развој на градот ја направивме заедно со граѓаните под мотото „Биди и ти дел од развојот на Охрид“ каде што секој имаше можност да каже своја идеја и проект. Резултата на таа одлична соработка е програмата „За Охрид гарантираме“ која генерално е поделена на два дела, односно во првиот дел каде што се обврзуваме на 10 приоритетни проекти на општина Охрид за сите луѓе и втор дел поделен по различни сфери.

Покрај капиталните проекти, имаме одделни проекти низ повеќе сегменти: Подобри услови за живеење за сите, дигитализација, мобилност и инфраструктура, модерно и современо образование за сите млади, заштита од климатски промени и животна средина, урбанизам, модерен и атрактивен локален туризам, спорт и култура и идеи од граѓани.

На сетоа тоа се надополнуваме и со пресонализирана кампања за секое место во градот каде што се обврзуваме на минимум три темелни проекти коишто се најнеоходни.
Колку и кои ќе бидат први на листа за реализација?

Реконструкција на плоштадот „Крушевска република“ кој има да добие нов и модерен изглед, а со тоа граѓаните ќе добијат ново уредено катче.

Ревитализација на Студенчишко блато, односно поврзаност меѓу Студенчишкото блато и Охридското езеро преку канали. Просторот околу нив ќе биде партерно уреден со пешачки патеки и пропратни елементи, инфо табли на кои ќе бидат презентирани информации поврзани со блатото.

Велосипедска патека Охрид – Свети Стефан со која охриѓани и гостите има да добијат ново место за рекреација на современ и модерен начин.

Реконструкција на булеварот „Македонски просветители“ модерно сообраќајно решение какво што доликува на еден туристички град каков што е Охрид.

Нов парк и проширување на зелената зона на потегот од споменикот на „Ден Долард“ до каналот студенчишта ново уредено катче за поубав и позелен лик на градот и препознатливо место за Охрид.

Изградба на ново модерно и современо основно училиште обезбедено со дидактички, нагледни средства и техничка опрема, потребни за реализација на модерна настава.

Катна гаража за да се реши проблемот со паркинг местата и растоварување на сообраќајниот метеж.

Поставување на фотоволтаични панели со кои значително се намалуваат трошоците за електрична енергија, се зголемува вредноста на објектите и се дава значителен придонес кон заштитата на животната средина.

Училишина спортска сала оу „Ванчо Николески” во Лескоец за потребите на жителите и за здравиот развој на младите.

Изградба на нови мултифункционални спортски игралишта со цел активирање на младите, да ги поттикнеме да се дружат и да развиваат здрави навики.

Колку планирате да реализирате за време не 4 годишниот мандат прашува Курир:

Најважното за мене како човек кој е кандидат за градоначалник на Охрид е гаранција за проектите кои ги нудиме и отчетност за тие проекти. За сите проекти во програмата гарантираме и се обврзуваме, а со работа започнуваме веднаш по 17 октовмри. Охрид да биде град во кој младите има да ја гледаат својата иднина, Охрид да биде светска туристичка дестинација, град кој има да блесне со сиот свој сјај.

Ефикасна и професионална администрација на компетентни луѓе кои мора да одговораат на потребите на граѓаните.

Нови паркови, нови велосипедски патеки, пристапни влезови, зелен и хуман град. Отворање индустриска зона во која локалните компании и инвеститори би пронашле интерес да го прошират својот бизнис, а со тоа отворање нови работни места. Подобрување на инфраструктурата во целост.

Урбанизирање на сите оние населени места во Охрид кои немаат урбанистички планови долги години, грижа за зачувување на статусот на УНЕСКО.
Целосна реализација на капиталните проекти, како и сите оние реални и остварливи побарувања од урбаните заедници.

Од кои начела ќе се водите при работата?

Да се биде успешен во работата како моја видилка секогаш е тоа дека сум еден од својата заедница, секогаш се водам според правилата на животот и законите.

Како основни начела ги потенцирам: гаранција, работа, демократија, еднаквост, чесност, посветност и отчетност.
Интервјуто го спроведе: КУРИР

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Ангелов: На погребот во Кочани ќе бидат само најблиските, ужалените грѓани ги молам да не влегуваат внатре

Директорот на Центарот за управување со кризи, Стојнче Ангелов, ги замоли ужалежните граѓани да не влегуваат на гробиштата на денешната погребна церемонија, туку тоа...

Лишени од слобода лицата кои правеа огномет синоќа во Скопје !!!!

Лишени од слобода лицата кои правеа огномет синоќа во Скопје На 19.03.2025 околу 21.25 часот во СВР Скопје е пријавено дека во градскиот парк...

10-минутен огномет во Скопје во време кога тагува цела Македонија

Во денови на жалост поради трагедијата во Кочани на некого му дошло до огномет. На социјалните мрежи се појави снимка на која јасно се...

Мицкоски најави отворање на случаите за модуларната болница и за несреќата кај Ласкарци

Премиерот Христијан Мицкоски во вечерашното гостување на „Сител“ рече дека ќе се отворат „сите претходни случаи, и за модуларната болница и за Ласкарци“, најавувајќи...