19.9 C
Ohrid
вторник, април 30, 2024
ПочетнаМакедонијаБочварски: Ќе почне асфалтирањето на третиот слој од Охрид кон Подмоље и...

Бочварски: Ќе почне асфалтирањето на третиот слој од Охрид кон Подмоље и кон аеродромот, Ботун и Кичево

spot_imgspot_img

За сите патишта коишто се почнати ќе се прават максимални напори да се завршат, изјави во одговор на новинарско прашање кога ќе може да се очекува завршување на автопатот од Охрид до Кичево, министерот за транспорт и врски Благој Бочварски по увидот кој владините функционери го направија по повод обновата на автопатот Скопје-Тетово е дел од Коридорот 8.

– Овде станува збор и за оваа делница којашто се рехабилитира и за автопатот Кичево-Охрид којашто ја затекнавме со голем број на проблеми. Проблемите се решаваат, се отклонуваат, веќе се тестира третиот слој на асфалт и се започнува со третиот асфалт, се прави избор на заштитната ограда на овој автопат и ќе започне асфалтирањето на третиот слој. Така што, ние ќе направиме се’, ги правиме сите координации, притисоци изведувачите да си ја завршат својата задача, бидејќи институциите својата задача си ја завршија. Да почне сукцесивно дел по дел да се пушта автопатот од тоа што е подготвено. Пред некој ден се заврши клучката кај аеродромот Охрид и е пуштена во сообраќај, така што продолжува секој оној дел којшто ќе биде приспособен согласно стандарди, процедури, да биде безбеден и да биде пуштен во сообраќај. Ќе почне од Охрид кон Подмоље асфалтирање на третиот слој и продолжуваме кон аеродромот Охрид, Ботун и кон Кичево, изјави Бочварски.

Во меѓувреме, веќе навлеговме во септември, што значи дека остануваат помалку од четири месеци до крајот на годината, односно до најавениот термин за завршување на работите. Со оглед на фактот дека полека доаѓа период од годината кога е можно и влошување на временските состојби, со што ќе се намали временската рамка за изведување на работите, се поставува прашањето дали ќе се стигне да се завршат најавените работи.

Иако се свесни за големината на проблемот и обемот на работите, граѓаните на социјалните мрежи апелираат да се изнајде максимално брзо решение и конечно да заврши изградбата на овој патен правец, на кој годиниве наназад е зголемен за неколку пати бројот на соообраќајни незгоди, од кои дел и со трагични последици. Тие реагираат на доцнењето во изградбата на патот, а дел се сомневаат во најавената динамика, пред се’ поради бројот на ангажирани работници и работни машини и бараат итно завршување на работите. Дел прашуваат дали ќе има одговорност за доцнењето со, како што го нарече Вицепремиерот во Владата на Република Македонија Артан Груби „несреќниот проект“, и каде се’ завршија потрошените пари.

Изградбата на автопатот Кичево-Охрид трае скоро полна деценија и останува една од топ темите во охридската јавност, пред се’ поради фактот што во текот на изминатите десетина години, колку што се работи на делницата, лошите услови за возење на патот предизвикаа неброени сообраќајни незгоди во кои загинаа многу луѓе.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Тошковски: Палевски ќе биде екстрадиран во Македонија најбрзо што може

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски попладнево изјави дека во најкраток рок ќе биде екстрадиран Љупчо Палевски откако денеска Министерството за правда соопшти дека...

Наумче Мојсовски и уште 11 лица обвинети за проневера од 5 милиони евра.

По иницијатива на Антикорупциската комисија од претходниот состав, Скопското обвинителство поднесе обвинителен предлог до Кривичниот суд Скопје против 12 лица од Агенцијата за млади...

Дозволена екстрадицијата на Љупчо Палевски – Палчо

Министерството за правда денеска соопшти дека е добиено официјално известување дека екстрадицијата на Љупчо Палевски е дозволена. Палевски е осомничен за две кривични дела...

Среќен роденден на човекот кој целиот свој живот го посвети на уметноста, на доајенот на македонското глумиште

Среќен роденден на човекот кој целиот свој живот го посвети на уметноста, на доајенот на македонското глумиште и човекот со кого пораснавме ние,...