20.9 C
Ohrid
вторник, мај 21, 2024
ПочетнаМакедонијаМицкоски: ДУИ живее во минатото, договорот за коалицирање на победник со победник...

Мицкоски: ДУИ живее во минатото, договорот за коалицирање на победник со победник повеќе не важи

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски не знае како ДУИ пресметале дека се претставници на немакедонското население во Македонија и дека мора да бидат дел од новата Влада кога таа се формира од парламентарно мнозинство најавувајќи дека со досегашната владејачка структура неговата партија нема да разговара за коалиција по изборите на 8 мај.

– Жалам што ДУИ се уште живее во некои времиња кои се минато. Македонија е држава на сите граѓани, не е федерација, ниту бионационална држава. Според демократијата, оној што има 61 пратеник и парламентарно мнозинство ја формира идната Влада. Јас не знам како тие пресметале дека се претставници на мнозинското немакедонско население во Македонија. Сите ние сме граѓани на Македонија и ценам дека политиката не треба да се гледа како шведска маса па ДУИ сега ќе земе малку од СДСМ, па од ВМРО-ДПМНЕ. ДУИ очекувам да биде опозиција за неколку недели од денеска -рече Мицкоски по средбата со претставници на Стопанската комора на северо-западна Македонија (СКСЗМ)

Во однос на коментарите на раководството на ДУИ дека без нив не може да се формира Влада и пораката од Али Ахмети дека треба да се почитува Мајскиот договор за коалицирање на победникот кај Македонците со победникот кај Албанците, Мицкоски рече дека тој договор не важи откако ДУИ го прекршиле во 2017 година.

– Кој има мнозинство во парламентот ја прави Владата. Не знам за кој Мајски договор зборува ДУИ. Имаше едно правило победник со победник кое е резултат на договор од минатото, но тие самите го прекршија во 2017 година. Не смееме политиката да ја гледаме како шведска маса. Настрана што доколку ВМРО-ДПМНЕ освои мнозинство како што се очекува, немаме ниту елементарна доверба да соработуваме со ДУИ – истакна Мицкоски.

ВМРО-ДПМНЕ не разговарало со коалицијата ВЛЕН предводена од Меџити, Гаши и Таравари затоа што партијата била фокусирана на вториот круг од претседателските избори, како и на парламентарните кои за една недела ќе завршат.

– Откако ќе бидат готови резултатите, ќе седнеме и ќе разговараме со сите политички партии кои се опозициски. Она што го кажавме е политичко-општествен консензус против владините партиии во моментов. Ценам дека во овој момент да останеме фокусирани, а тоа е победа на претседателските и парламентарни избори. Очекувам убедлива чобеда на СИлјановска-Давкова и коалицијата „Твоја Македонија“ на парламентарните избори.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Обвинителот Мемети од ДУИ е осомничен за поткуп, институциите вредат колку луѓето во нив, вели Најчевска

Професорката по право, Мирјана Најчевска, ја искоментира последната предистрага во која врховниот судија Наке Георгиев е осомничен за примање награда за противзаконито влијание и...

Судскиот совет му го одзеде имунитетот и го одобри притворот на судијата Наке Георгиев

На вечерашната итна седница Судскиот совет донесе одлука за одземање на имунитетот на врховниот судија Наке Георгиев, а членовите на Советот го одобрија и...

Сашо Мијалков за три дена излегува од затвор, под услов до 25 април 2025 година да не стори кривично дело.

Сашо Мијалков за три дена излегува од затвор, под услов до 25 април 2025 година да не стори кривично дело. Ова е одлуката на скопскиот...

Врховен судија фатен со 10.000 евра !!!

Судијата во Врховниот суд Наќе Георгиев е приведен поради мито од 10.000 евра и е префрлен во полициската станица Кисела Вода во Скопје, потврдија...