8.9 C
Ohrid
среда, декември 18, 2024
ПочетнаМакедонијаИнвазија на „мали црни замотани во круг“ црвчиња има насекаде низ Скопје.

Инвазија на „мали црни замотани во круг“ црвчиња има насекаде низ Скопје.

spot_img

ПОРАДИ ЗГОЛЕМЕНА ВЛАЖНОСТ НА ВРЕМЕТО
Инвазија на „мали црни замотани во круг“ црвчиња има насекаде низ Скопје. Таква е сликата изминатите неколку дена во главниот град, а граѓаните велат дека не можат, а да не ја забележат нивната сѐ почеста присутност. Се лепат за ѕидови, за бетон и многу тешко можат да се тргнат од површините.
Жителите на метрополата велат дека дворовите, но и другите површини низ градот, кејовите, тротоарите се преполни со вакви мали црви, кои произведуваат звук на пукање доколку по грешка ги згазнете.

БИЛО ЦРВИ ИЛИ СТОНОГАЛКИ, ГИ ИМА НАСЕКАДЕ

Сопствениците на куќи, но и преостанатите реагираат дека изминатиот период, низ дворовите и јавните површини на големо можат да се забележат мали црвчиња замотани во кругче, од кои иако нема никаква штета, сепак не се пријатни за гледање.
– Имам инвазија на црви, стоногалки или што и да се овие суштества во дворот. Не знам како да ги отстранам. Имам мали деца, кои воопшто не се плашат од нив, ги земаат со раце и играат и се плашам дека можат да ги стават во уста. Сепак станува збор за црви и не би сакала да бидат во близината на моите деца. Иако е природна работа, штом излегле значи има зошто излегле, но ги имам по ѕидовите, по дворот, залепени се буквално насекаде. Кога ќе се замотаат во круг, многу е тешко да се изметат со метла, бидејќи како да се залепени за бетонот и многу е тешко да се отстранат – вели Бисера Трајановска.
Дека вакви животинки има насекаде низ градот потврдуваат и жителите на Лисиче, Пржино, Драчево, Чаир, Ченто… Велат дека со ништо не можат да се спасат од стоногалките.
– Нема никаков спас. Едни ќе тргнам, други ќе дојдат – вели Катерина Смилјановска.
Постарите, пак, велат дека секоја година се појавуваат во овој период кога е зголемена влажноста на времето.
– Ова не е ниту прв ниту последен пат да се појавуваат. Уште кога бев мала паметам дека овој период низ дворот ги имавме. Нормална и сосема природна појава. Тоа што нам ни пречат, не значи дека не треба да ги има. Сепак, не сме само ние жители на земјата, нели? – вели Софче Митевска.

ЗГОЛЕМЕНАТА ВЛАГА ПРИЧИНА ЗА ПОЈАВАТА

Малите црвчиња што изминатиот период се појавија во дворовите на скопјани се еден вид стоногалки, кои, според науката, се појавуваат на влажни места, на места каде што има зеленило, места што задржуваат влага, паднати и скапани лисја, овошје и зеленчук.
Сепак, ако се земе предвид дека пред неколку дена во Скопје имаше значително зголемени врнежи од дожд, а и претстојната временска прогноза покажува дека допрва ни следуваат врнежливи денови, овие видови стоногалки сѐ почесто ќе се забележуваат на јавните површини.
Експертите велат дека станува збор за стоногалки, кои вообичаено се појавуваат овој период поради влагата и органското распаѓање на лисјата.
– Излегуваат од почвата и од под камењата. Поради тврдата обвивка на телото, употребата на биоцифи за нивна контрола не е многу успешна, затоа препорачуваме механичко отстранување (метење) и одржување на парковите (чистење со гребло и косење) – вели Николина Соколовска, медицински ентомолог и шефица во Службата за дератизација, дезинсекција и дезинфекција при Центарот за јавно здравје – Скопје.
Во науката се познати под името „милипеди“, а најмногу ги има во градините и зелените површини. Тие се безопасни, па дури и можат да имаат позитивно дејство доколку ги има во градината, затоа што ги јадат мртвите билки и помалите инсекти што се штетни за билките.
Сепак, голем број од овие животинки, можат да бидат голем проблем. Иако живеат надвор, сепак може да се случи да направат инвазија и во затворен простор, најчесто на места каде што има влага, па така може да се најдат и во гаражи, подруми, но и во соби доколку има зголемено количество влага.
Од своите живеалишта излегуваат доколку се поплават или станат премногу суви, па врнежливото време од пред неколку дена и зголемената влага во почвата, може да е и причината за нивната инвазија во Скопје.
Поискусните велат дека е најдобро да се изметат и да се дислоцираат, а за да не навлезат во домовите, најдобро е да се користи средство против штетници и инсекти или пестициди, кои кај многумина се покажале како решение за овој проблем.

За повеќе детали ТУКА
Извор: Нова Македонија

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

На плоштадот „Крушевска Република“ се одржа предновогодишниот хуманитарен настан „Новогодишен сон“ во организација на Црвен Крст Охрид и Општина Охрид.

На плоштадот „Крушевска Република“ се одржа предновогодишниот хуманитарен настан „Новогодишен сон“ во организација на Црвен Крст Охрид и Општина Охрид. Средствата кои се собраа...

СДСМ прашува: Дали ВМРО му помогна на Артан Груби да побегне?!

Деновиве сме сведоци на нов случај поврзан со непречено бегство на лица преку северната граница со Косово и целосно потфрлање на МВР и министерот...

ОД ПРВИ ЈАНУАРИ ЦЕНАТА НА СТРУЈАТА СЕ ЗГОЛЕМУВА ОД 0.68 ДО 2,24 ОТСТО

Од први јануари, сметките за струја ќе бидат повисоки за околу 1 отсто. Во првиот блок струјата ќе поскапи за 0,68%, во вториот блок...

Беџети во име на партијата го повика Груби да се врати во Северна Македонија.

Артан Груби веќе не е дел од ДУИ. Тој се повлече, пред партиските органи да донесат таква одлука, кажа организацискиот секретар на интегративците, Блерим...